Линкови за пристапност

Скопскиот земјотрес низ архивите на весникот Нова Македонија


Скопскиот земјотрес низ архивите на весникот Нова Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:47 0:00

Гласот на Америка во архивите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ги разгледа тогашните изданија од првиот весник на македонски јазик „Нова Македонија“.

Пред точно 61 година, на 26-ти јули 1963 година, утрото во пет часот и 17 минути, Скопје го погоди катастрофален земјотрес со интензитет од девет степени според Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди.

Градот бил срамнет со земја. Во урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а биле повредени над 4.000 лица. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над глава.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. Неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет.

Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и името „град на солидарноста“, а многу скопски улици носат имиња на европски престолнини.

Американскиот претседател во тоа време, Џон Кенеди, веднаш им наредил на американските војници стационирани во Западна Германија да тргнат кон Скопје.

Гласот на Америка во архивите на градската библиотека „Браќа Миладиновци” во Скопје, ги разгледа тогашните изданија од првиот весник на македонски јазик „Нова Македонија” и од југословенскиот весник „Борба”.

„Катастрофален земјотрес во Скопје”, „До 12 часот 300 мртви”, „Тито во постраданото Скопје”, „Во тек е најголемиот попис на смртта”, ова се само дел од насловите на „Нова Македонија” во првите денови по земјотресот.

Југословенскиот весник „Борба” во тоа време на насловните страници информирал со следниве наслови: „Катастрофален земјотрес во Скопје”, „Улиците на срушеното Скопје”, „Ќе се гради ново Скопје”, „Претседателот Тито во обиколка на срушениот град”, „Поранешниот град Скопје”.

61. годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, ќе се одбележи со изложби и филмски проекции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG