Заменичката државна секретарка за политички прашања на САД, Викторија Нуланд, повторно го посети Киев поради извештаите за внатрешно ривалство во Украина.
Нуланд рече дека нејзината посета има за цел да ја увери Украина во континуираната поддршка на Вашингтон.
„Колку и да се тешки овие денови, ќе ви кажам дека Украина е посилна и поотпорна оваа зима отколку ланската. Продолжуваме да обезбедуваме безбедносна поддршка во сите категории, вклучително и нови инвестиции и нови системи за оружје“, реќе Нуланд.
Посетата на Нуланд дојде во тензичен момент внатре во земјата, бидејќи расколот меѓу претседателот Зеленски и врховниот командант на вооружените сили, Валериј Залужни, стана јавен и тешко да се сокрие.
Зеленски ги информирал американските власти дека има намера да го замени Залужњи.
Украинските аналитичари веруваат дека заканата од внатрешна дестабилизација е висока, а посетата на Нуланд може да покаже дека и сојузниците се загрижени за тоа.
Директорот на Центарот за проучување на прашањата на граѓанското општество Виталиј Кулик со свој коментар.
„Западот пред сè бара сигурност. Отстранете ја неизвесноста, отстранете ја стратешката конфузија, обезбедете сигурност и презентирајте дефинитивна стратегија“, вели Кулик.
Политичката криза во Украина доаѓа во клучен момент.
Додека земјата ја започнува третата година од војната против целосната руска инвазија, битката се повеќе се дефинира со замор, меѓу меѓународните поддржувачи на Украина кои зборуваат за намалување на помошта, додека расте вознемиреноста поради победата која е не доаѓа доволно брзо.
Facebook Forum