Претседателот Доналд Трамп ги пречека лидерите на криптовалути во Белата куќа за да разговараат за иднината на дигиталните средства.
„Знам дека работевте, некои од вас, многу долго, многу пред луѓето навистина да разберат што се случува. Затоа ви честитам. Ова е голем ден”, рече Трамп.
На настанот беше означен драматичен пресврт во политиката на САД кон индустријата за криптовалути, чии главни играчи се пожалија на напорите за регулирање и спроведување на администрацијата на Бајден.
Трамп даде неколку ветувања поврзани со криптовалутите во текот на изборната кампања минатата година, а индустријата за криптовалути потроши милиони долари за неговиот реизбор и инаугурација.
Неговата Комисија за хартии од вредност ги отфрли судските спорови против некои компании за криптовалути.
„Мојата администрација исто така работи на тоа да ja заврши војната на федералната бирократија против криптовалутите, која навистина беше доста дива за време на Бајден”, рече Трамп.
Трамп потпиша извршна наредба за создавање стратешки резерви на биткоин.
Владата на САД го конфискува биткоинот, најтргуваната криптовалута во светот, за време на кривична или граѓанска постапка за одземање имот. Сега владата ќе го задржи тој одземен биткоин – а не да го продава – како што беше правено досега, рече Трамп. Нема да се користат пари од даночните обврзници, рече тој.
Повеќето Американци се загрижени за сигурноста и безбедноста на криптовалутите, според истражувањето на Истражувачкиот центар Пју во октомври. Критичарите велат дека криптовалутите се ризични и за потрошувачите и за финансиските системи.
Создавањето резерви на биткоин од страна на администрацијата на Трамп може да им помогне на некои инвеститори да стекнат поголема доверба во дигиталните средства.
„Тоа е чекор кон легитимирање на криптовалутите. Ако владата ги држи и ги задржи, мислам дека тоа е знак дека тие се легитимни за купување”, вели Пол Купиец од Американскиот Ентерпрајз институт.
САД треба да бидат лидери на пазарите на криптовалути, велат некои набљудувачи.
„Ние фактички создадовме паралелен, втор финансиски систем. Во интерес на Amerikanskite граѓани е САД да uchstvuvaat на тоа поле, освен ако не сакаат да ја загубат финансиската моќ“, посочува Олаф Грот од Школата за бизнис „Хаас“.
Првиот чекор за резервите на биткоини ќе биде да се прегледа колку биткоини всушност поседува американската влада.
Претставници на Белата куќа проценуваат дека владата има околу 200.000 биткоини, приближно вредни 17 милијарди долари.
Facebook Forum