Линкови за пристапност

Североистокот од Нигерија се соочува со глад, секој час умираат по стотина деца


Североистокот од Нигерија се соочува со глад, секој час умираат по стотина деца
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:32 0:00

Агенцијата на ОН за хуманитарни прашања вели дека одвај се справува со застрашувачката стапка на недостаток од храна во североисточниот дел на Нигерија погоден од конфликти. Според ОН, секој час 100 нигериски деца на возраст под пет години умираат од глад. Известува Тимоти Обиезу. .

Очајот на тешко неисхранетите деца одекнува во оваа болница во североисточна Нигерија, каде што чекаат на ред за третман кој спасува живот. Овој објект во Диква е на околу 90 километри од центарот на градот. Оваа година веќе се лекувани повеќе од 300 деца, а секој ден пристигнуваат нови пациенти.

Хуманитарните работници велат дека нема доволно простор за сите нив.

„Има повеќе од 45 пациенти кои чекаат да ги примиме - она што го правиме е дека ако спроведеме обиколки на одделот и откриеме дека оние кои се стабилни и излекувани, можат слободно да си одат дома“, вели докторот Алиу Мухамад Сали, од Групацијата за хуманитарна помош ИНТЕРСОС.

Но, за секое дете што оди дома, официјалните лица велат дека на околу 10 други им треба тоа место. А кој е подобен за тоа понекогаш зависи од сериозноста на болеста.

Заинаб Муса - која е раселена поради конфликт 10 години - живее во Диква. Таа вели дека едно од нејзините близнаци конечно се лекува.

„Мојот син се разболе бидејќи бев гладна. Не можев да јадам доволно добро за да ги дојам и двајцата. Но, овде ситуацијата ни се подобри. Ме хранат трипати на ден“, вели Муса.

Со околу 2 милиона деца кои страдаат од тешка неисхранетост, вели УНИЦЕФ, Нигерија го има второто место по бројот на заостанати деца во светот. Агенцијата за деца на ОН вели дека секој час 100 нигериски деца на возраст под пет години умираат од неисхранетост и оти само 20 отсто од болните деца се лекуваат.

Официјалните лица велат дека несигурноста на храната и кризата со неисхранетост влијаат врз продолжениот бунт, климатските промени и владините политики кои ги направија цените на храната надвор од дофат.

Инфлацијата на храната во Нигерија надмина 40 отсто, соопшти заводот за статистика.

Во мај, ОН и нигериските власти лансираа петиција од 306 милиони долари за решавање на безбедноста на храната за околу 5 милиони луѓе во државите кои се најмногу погодени од конфликтот.
Но, властите велат дека донациите се намалуваат.

„Ако го погледнете трендот на хуманитарно финансирање што Нигерија го добива во изминатите 10 години, ќе видите постојан пад, ќе видите вистинско намалување на ова финансирање бидејќи приоритет доаѓа во конфликти. Бројот на конфликти се зголемува речиси ден за ден, месец за месец, година в година“, вели Мохамед Малик Фол, постојан координатор на ОН.

Но, назад во Диква, хуманитарните групи им помагаат на илјадници да одгледуваат храна дома користејќи методи кои се климатски приспособени.
На 8 јули, Нигерија ги објави плановите за суспендирање на даноците за увоз на одредени прехранбени производи, вклучително и пченица и пченка, за да се вратат на пониски цени. Но, додека не се случи нешто драстично, велат официјалните лица, иднината на милиони луѓе - особено на децата - виси на конец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG