Линкови за пристапност

Северна Македонија: Недостаток од терапија на онкологија - Кој е одговорен?


Северна Македонија: Недостаток од терапија на онкологија - Кој е одговорен?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:32 0:00

Пред година и половина беше форимрана анкетна собраниска комисија која тогаш утврдуваше дали има одговорност во наводите за злоупотреба на лекови на истата клиника за онкологија за што јавното обвинителство отвори и предистражна постапка. Повеќе детали од Владимир Мирчески од Скопје.

Министерството за здравство и надлежните институции најавуваат брзо надминување на проблемот со недостигот на биолошка терапија на Клиниката за онкологија поради што пациентите веќе десетина дена не ги примаат потребните лекови. Министерот за здравство очекува веќе во наредните денови да се добие биолошоката терапија, една од клучните во третманот на пациенти со карцином.

„Се надевам дека оваа недела Клиниката за онкологија ќе биде снабдена со биолошка терапија. Ние досега сме имале дури повеќе биолошка терапија отколку минатите години, меѓутоа побарувањата од пациентите се многу поголеми, затоа веќе имаме протоколи и конзилиум од доктори, бидејќи навистина е луксузна и не треба да се даде баш секаде, туку каде што е индицирано и таму каде што лекарскиот конзилиум ќе одлучи дека треба да се даде биолошка терапија. Уште еднаш да повторам – лекови има, не дека недостигаат сите лекови, и во текот на оваа недела повторно ќе има биолошка терапија на Онкологија.“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство на Северна Македонија.

За да се избегнат ваквите ситуации, Таравари најави реорганизација на Клиниката за онкологија за, како што рече, да се децентрализира третирањето пациенти со карцином. Првиот човек на Фондот за здравство кој неодамна изјави дека недостатокот се должи на тоа што немало добра пресметка за тоа колку и кои лекови се потребни и дека веледрогеријата увозник уценувала со набавките, денеска објасни како мисли да го надмине проблемот.

„Токму сега доаѓам од состанок со директорот на Клиниката. Еден дел ќе бидат решени со донации кои ќе се реализираат во текот на неделата бидејќи лековите се присутни и ги има во резерва во Македонија, дел ќе бидат со анекси на договорите и тоа го расчистуваме денеска и утре со јавните набавки. Така што, мислам дека критичните лекови ќе бидат многу брзо достапни.“, смета Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство.

ВМРО-ДПМНЕ која повеќе од половина година е на власт, вината за состојбата ја гледа во претходните влади и во актуелниот лидер на опозицијата кој во минатото беше министер за здравство.

„Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија. Не смее цела држава да биде заложник на мафијата на смртта. Додека пациентите на Онкологија чекаат терапија, мафијата на смртта поддржана од Венко Филипче трие раце за профит. Со години мафијата на смртта предводена од веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство.“, оцени Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче вели дека власта само сака да прикрие скандал и сопствената неспособност. Тој денеска покажа копии од редовните извештаи за работата на Клиниката, од периодото кога бил министер, кои тој рече дека ги доставил до јавното обвинителство.

„Ова што сега се случува, ова што го кажуваат официјалните лица – дека има механизам и дека сака да го избегне тој механизам и со тоа дозволува да нема терпаија е невиден скандал. Луѓе умираат како мачиња зашто не сакаат да земаат лекови, теба да си преземат одговорност. Во мое време лекови имаше секогаш, за сите, во секое време. Лекови нема сега.“, вели Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Пред година и половина беше форимрана анкетна собраниска комисија која тогаш утврдуваше дали има одговорност во наводите за злоупотреба на лекови на истата клиника за онкологија за што јавното обвинителство отвори и предистражна постапка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG