Линкови за пристапност

Секретарот на американската морнарица со сериозна забелешка до британските вооружени сили


Во ретка интервенција, висок американски функционер ја повика Британија да ја преиспита големината на своите вооружени сили, поради бројните закани со кои се соочува Западот. Коментарите на службеникот ја одразуваат загриженоста на високите воени команданти во Британија. Известува Хенри Риџвел.

Британските сили моментално учествуваат во операцијата „Просперитет Гардијан“ - мултинационална сила чија цел се Хутите во Јемен за да ги заштитат комерцијалниите бродови во Црвеното Море.
Околу 20 илјади британски војници треба да учествуваат во „Вежба за непоколеблив бранител 2024“ - најголемите вежби на НАТО од Студената војна.

Но, критичарите тврдат дека британските вооружени сили не се доволно финансирани и опремени, но и дека се соочуваат со криза во регрутирањето.
За време на посетата на Лондон минатиот месец, секретарот на американската морнарица Карлос Дел Торо рече дека Британија треба да ја преиспита големината на своите вооружени сили со оглед на заканите од Русија и Кина и конфликтот на Блискиот Исток. Тој ги повика другите европски сојузници да го сторат истото.

Во меѓувреме, генералот Патрик Сандерс, шефот на британската армија во заминување, неодамна предупреди дека треба да се направи повеќе околу опремувањето и модернизација на вооружените сили. Британската армија има околу 73 илјади војници - половина од пред 30 години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG