Се зголемува одзивот за овие претседателски избори во споредба со 2019 – разликата е 9 проценти, информираше ДИК на попладневната прес-конференција. Одзивот до 17 часот изнесува нешто над 44 отсто.
„До ДИК, до 17 часот, пристигнати се податоци за излезност од 1788 избирачки места. Од вкупно запишани 899 977 гласачи на овие избирачки места гласале 397 612 избирачи, односно 44,18 отсто. Најголема излезеност, 67,19 проценти, има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5 отсто. Гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места, рече Даштевски. Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезеност за околу 9 отсто. До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на глас, 27 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени. Останатите се во обработка“, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Facebook Forum