Линкови за пристапност

Се испразнија израелските градови долж границата со Либан


Се испразнија израелските градови долж границата со Либан
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Како што се засилија ракетните напади од либанската милитантна група Хезболах во северен Израел, градовите долж границата меѓу Израел и Либан се испразнија, без план жителите да се вратат. Известува Пилар Чебријан. 

Во средината на март, Дејвид Азулај оди покрај урнатините и напуштените домови во Метула, најсеверниот град во Израел, каде што го предводи локалниот совет. Тој ја истакнува близината на Метула со Либан.

Откако милитантната група Хамас го нападна Израел на 7 октомври, околу 100.000 Израелци ги напуштиле своите домови долж северната граница.

Илјадници други сè уште се евакуираат од заедниците како оваа, оставајќи ги градовите празни. Иако Метула е напуштена, таа и понатаму е мета на ракетен оган од либанската милиција Хезболах.

Азулај проценува дека има во просек по 50 гранати секоја недела. Азулај води група новинари во неговиот град. Вели дека останал да ги заштити своите и домовите на соседите.

Откако проектил го погодил горниот кат од оваа куќа, таа се запалила, оставајќи ја непогодна за живеење за семејството што ја поседува.

Азулај вели дека повеќето жители на Метула се евакуирани на 16 октомври и престојуваат во хотели на Тибериското Езеро.

Сарит Зехави е израелски воен резервен офицер и основач на израелски истражувачки центар за гранична безбедност. Таа вели дека постои постојана опасност од напади на Хезболах.

„Тие не би сакале да направат инвазија на илјадници напаѓачи бидејќи, како што реков, тие претпочитаат да го вовлечат Израел во војна отколку да ја иницираат, но сепак се способни да се инфилтрираат на една сила овде, една сила таму“, вели Зехави.

Точка на загриженост: мрежа од тунели на Хезболах во Либан.

„Дефинитивно постојат тактички тунели кои можат да им овозможат да се движат од една во друга зграда, како што видовте во Газа. И стратешките тунели, како овој, кои му овозможуваат на Хезболах да пренесува фрлачи и работна сила од една област во друга“, додава Зехави.

Без крај на конфликтот на повидок, израелската војска патролира во областа. Неизвесно е кога Израелците ќе можат безбедно да се вратат и да ги обноват своите домови во напуштените северни градови во земјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG