Линкови за пристапност

Се апсат ожалостените кои положуваат цвеќе за Навални


Се апсат ожалостените кои положуваат цвеќе за Навални
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Руските власти приведуваат луѓе кои тагуваат по загубата на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Тој почина во притвор во казнената колонија на Арктичкиот круг кон крајот на минатата недела. Западните лидери ја обвинуваат Русија. Араш Арабасади од Гласот на Америка има повеќе.

Во Санкт Петербург, мажи ги тргаа цвеќињата од импровизираниот споменик во чест на загинатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

Речиси веднаш, беа поставени нови цвеќиња.

Полицијата ги приведе оние кои тагуваа бидејќи положиле цвеќе во чест на Навални.

Независните руски медиуми и групата за човекови права ОВД-Инфо објавија за околу 400 приведувања на настани во околу 32 града, по објавата на веста за смртта на Навални.

Навални беше долгогодишен критичар, на Кремљ, а особено на рускиот претседател Владимир Путин.

Во декември 2020 година, тој ја обвини руската безбедносна агенција, дека го отрула со потврден нервен агенс произведен од Русија.

Русија официјално вели дека Навални починал од неоткриена болест во казнената колонија на Арктикот, каде што тој ја издржуваше 19-годишна затворска казна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG