Линкови за пристапност

Сакаме плата колку вашата: Првомајски протест на македонските работници за поголеми права


Сакаме плата колку вашата: Првомајски протест на македонските работници за поголеми права
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Протестот се одржа под мотото „Ние работниците“, при што еден од главните рефрени што можеа да се чујат во текот на маршот беа стиховите „Имаш ти, немам јас“ од песната „Неправда“. Минимална плата од 450 евра, беше едно од барањата

Минимална плата од 450 евра, исплата на трошоци за храна и превоз, да не се заобиколуваат колективните договори во јавниот и во приватниот сектор, беа дел од барањата што повеќе илјади работници и обединети синдикални организации ги упатија од денешниот протестен марш низ Скопје, а кој се одржа по повод 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

Протестот се одржа под мотото „Ние работниците“, при што еден од главните рефрени што можеа да се чујат во текот на маршот беа стиховите „Имаш ти, немам јас“ од песната „Неправда“.

Синдикалците побараа сите барања да се исполнат во првите сто дена од новата влада, што треба да се формира после изборите.

„Ние повеќе немаме време за чекање, се повеќе наши колешки и колеги заминуваат од државата. Минималната плата да се зголеми веднаш на најмалку 450 евра, како и во регионот. Правото на храна и превоз треба да биде подеднакво важно за работниците во Македонија, како што е важно за функционерите“, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

На протестот учествуваше и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија.

„Би пратил апел до новата влада. Да не ја прави истата грешка, што ја правеа сите претходни влади, да фаворизираат одредени синдикати. На тој начин им прават лоша услуга на тој синдикати и дупло поголема штета на самата себе“, рече Марјан Ристески, претседателот на КСОМ.

Синдикалците застанаа и пред Стопанската комора на Северна Македонија, од каде упатија порака и до приватниот сектор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG