Линкови за пристапност

САД во исчекување за првата дебата меѓу претседателските кандидати


САД во исчекување за првата дебата меѓу претседателските кандидати
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Првата дебата за претседателските избори во САД во 2024 година ќе се одржи денеска. Но, не е првпат кандидатите да дебатираат меѓу себе. Анализираме што може да се види и слушне во дебатата меѓу претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп. Известува Керолин Пресути.

Кога последен пат се сретнаа едниот беше во прв мандат претседател, а другиот, долгогодишен политичар. Гласот на Америка ги праша гласачите на што се сеќаваат од таа дебата.
„Ох, тоа беше одамна“, вели Хајди Харден, поддржувачка на Бајден.

„Се сеќавам дека Трамп беше супериорен во дебатата“, додава Џереми Лорин, гласач за Трамп.

„Трамп очигледно некако ги користеше овие многу детски трикови, постојано го прекинуваше, а Бајден на некој начин немаше ништо со тоа“, смета Адам Бејли, поддржувач на Бајден.
Истиот „политички театар“ се очекува денес. Но би можело сега да биде построго поради новите правила. Во оваа дебата, микрофонот на кандидатот ќе биде исклучен кога нема да му биде ред да зборува.

„Би сакал да не се сведе на тоа, но со оглед на последната дебата, тоа е добра политика и протокол“, смета Чет Еделман, гласач за Бајден.

Една од понезаборавните реплики во дебатата во 2020 година е кога од тогашниот претседател Трамп беше побарано да ги осуди белите националисти. Аналитичарите велат дека тој издаде предупредување.

„Прауд бојс, прауд бојс, застанете настрана и бидете спремни“, рече Трамп како тогашен претседател.

И двајцата беа прашани дали ќе ги прифатат изборните резултати таа година.

„Ако тоа се фер избори, јас сум 100 отсто за. Но, ако видам дека се манипулираат десетици илјади гласачки ливчиња, не можам да го прифатам тоа“, рече Трамп тогаш.

„Ќе ги прифатам. И тој исто така. Знаете зошто? Затоа што откако ќе се прогласи победникот, откако ќе се пребројат сите гласачки ливчиња, ќе се пребројат сите гласови, тоа ќе биде крај“, истакна Бајден.

Кога Трамп ги загуби изборите, неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот на САД на 6 јануари во обид да го поништат резултатот. Аналитичарите предвидуваат дека оваа дебата нема да го промени мислењето на гласачите кои веќе одлучиле како ќе гласаат.

„Поддржувачите на Џо Бајден ќе ги отфрлат неговите лапсуси или неговите погрешни изјави, бидејќи „таков е Џо Бајден“. Некако отсекогаш бил таков.“ И поддржувачите на Трамп на сличен начин ќе речат: „Да, добро, тој е само Трамп. Тој зборува спонтано. Сфатете го сериозно, не буквално“, смета Питер Лоџ, од Универзитетот во Вашингтон.

Овој неопределен гласач знае што сака да види сега.

„Многу повеќе љубов, мислам, ќе не` обедини“, вели Бен Кокс, неутрален гласач.

Втората дебата меѓу претседателските кандидати е закажана за септември. Но, тоа може да зависи од тоа како ќе се одвиваат работите на првата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG