Линкови за пристапност

САД и Русија разговараат за нова размена на затвореници, вели Кремљ


Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руските и американските официјални лица разговарале за размена на затвореници што може да ги вклучи Гершкович и Владимир Дунаев, кој беше екстрадиран од Јужна Кореја и се наоѓа во притвор во американската сојузна држава Охајо
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руските и американските официјални лица разговарале за размена на затвореници што може да ги вклучи Гершкович и Владимир Дунаев, кој беше екстрадиран од Јужна Кореја и се наоѓа во притвор во американската сојузна држава Охајо

САД и Русија разговараат за можна нова размена на затвореници што би можела да го вклучи затворениот новинар на „Вол Стрит Џурнал“ Иван Гершкович, кој се наоѓа во московскиот затвор под обвинение за шпионажа што тој го негира, и Русин притворен во САД поради обвинение за компјутерски криминал.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави за новинарите дека руските и американските официјални лица разговарале за размена на затвореници што може да ги вклучи Гершкович и Владимир Дунаев, кој беше екстрадиран од Јужна Кореја и се наоѓа во притвор во американската сојузна држава Охајо.

Во понеделникот, САД му дозволија конзуларен пристап на Дунаев за првпат од неговото апсење во 2021 година, додека Лин Трејси, амбасадорката на САД во Москва, го посети Гершкович по вторпат од неговото апсење кон крајот на март.

Немаше индикации дека е на повидок итна размена, со одлуката на рускиот суд минатата недела дека Гершкович може да биде задржан во притвор до 30 август и Русија често вели дека каква било размена не може да се изврши додека не се донесе пресуда за неговиот случај.

Не е одреден датум за судење.

Песков рече: „Рековме дека има одредени контакти на оваа тема, но не сакаме тие да се дискутираат во јавноста. Тие мора да се спроведат и да продолжат во целосна тишина“.

Тој не понуди дополнителни детали, додавајќи дека „законското право на конзуларни контакти мора да биде обезбедено од двете страни“.

Официјален претставник на Белата куќа изјави за „Вол Стрит Џурнал“ дека „иако, за жал, немаме пробив да споделиме, ние продолжуваме да ги следиме сите патишта за да обезбедиме ослободување на Иван Гершкович и неговиот колега Американецот Пол Вилан“, поранешен американски маринец држен од Русија под обвиненија за шпионирање од 2018 година.

XS
SM
MD
LG