Линкови за пристапност

САД повикаа итно да се ослободи Гершкович откако Русија побара да му се продолжи притворот


Новинарството не е кривично дело, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби
Новинарството не е кривично дело, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби

САД повикаа на итно ослободување на уапсениот новинар на „Вол Стрит Џурнал“ Иван Гершкович, откако руската служба за безбедност се обиде да му го продолжи притворот.

„Тој воопшто не треба да биде приведен. Новинарството не е кривично дело. Тој треба веднаш да биде ослободен“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби за Си-Ен-Ен.

„Сè уште ќе работиме многу, многу напорно за да видиме дали можеме да го вратиме дома со неговото семејство каде што припаѓа“.

Кирби зборуваше откако истражителите на руската безбедносна служба побараа Гершкович, уапсен во март под обвинение за шпионажа, да го задржат уште три месеци во притвор, според извештајот на руската државна новинска агенција ТАСС, која се повикува на судот.

Американските власти сè уште вршат притисок за конзуларен пристап до Гершкович директно со Русите, рече Кирби.

„Нема основа да се одбие конзуларниот пристап. Навистина сакаме тој конзуларен пристап да продолжи“, рече тој.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG