Линкови за пристапност

На новинарот на „Вол Стрит Џурнал“ затворен во Русија му билa дозволeнa средба со адвокатите


Државниот секретар Ентони Блинкен им рече на новинарите  денес дека „нема сомнеж во неговиот ум“ дека Гершкович е погрешно приведен
Државниот секретар Ентони Блинкен им рече на новинарите  денес дека „нема сомнеж во неговиот ум“ дека Гершкович е погрешно приведен

Високи американски претставници изјавија дека вршат притисок врз Русија веднаш да го ослободи уапсениот американски новинар Иван Гершкович.

Амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд им рече на новинарите дека разговарала со нејзиниот руски колега Василиј Небензија за случајот и „го изразила нашето силно, силно барање Гершкович веднаш да биде ослободен“.

„Ова е навистина надвор од границите на нормалното однесување да се користи новинар кој веќе бил акредитиран во Русија и да се обвинува за дејствија за кои тие го обвинија“, рече таа.

Руските власти го приведоа Гершкович на 29 март и го обвинија новинарот на „Вол Стрит Џурнал“ за шпионажа.

Гершкович беше во можност да се сретне со своите адвокати вчера првпат по апсењето.

Главниот уредник на „Вол Стрит Џурнал“ го потврди состанокот во порака до вработените во вторникот.

„Здравјето на Иван е добро и тој е благодарен за изливот на поддршка од целиот свет“, рече Такер во пораката, пренесе Ројтерс.

Такер рече дека весникот бил охрабрен од состанокот.

Гершкович е обвинет од Русија за шпионажа, обвинение кое предвидува затворска казна до 20 години.

„Вол Стрит Џурнал“ ги отфрли обвиненијата, а Гершкович поднесе жалба против неговото апсење.

Државниот секретар Ентони Блинкен им рече на новинарите денес дека „нема сомнеж во неговиот ум“ дека Гершкович е погрешно приведен.

За време на прес-конференцијата во седиштето на НАТО во Брисел, Блинкен рече дека САД работат експедитивно да го обезбедат неговото ослободување.

Дел од информациите се преземени од Ројтерс

XS
SM
MD
LG