Линкови за пристапност

Русија најави можна размена на затвореници што ќе го вклучува новинарот на „Вол Стрит Џурнал“


Заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека разговорите за можна размена би можеле да се одржат преку канал што руските и американските безбедносни агенции го формирале за такви цели
Заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека разговорите за можна размена би можеле да се одржат преку канал што руските и американските безбедносни агенции го формирале за такви цели

Русија можеби е подготвена да разговара со САД за потенцијална размена на затвореници во која е вклучен затворениот новинар на „Вол Стрит Џурнал“ Иван Гершкович, откако судот ќе ја донесе својата пресуда, изјави денес висок руски дипломат.

Заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави за државната новинска агенција Тас дека разговорите за можна размена би можеле да се одржат преку наменски канал што руските и американските безбедносни агенции го основале за такви цели.

„Имаме работен канал што се користеше во минатото за постигнување конкретни договори и овие договори беа исполнети“, рече Рјабков, додавајќи дека нема потреба од вклучување на трета земја.

Сепак, тој нагласи дека Москва ќе преговара за можна размена на затвореници само откако судот ќе ја донесе пресудата во случајот за шпионажа против Гершкович.

Во декември, американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер беше ослободена по 10 месеци зад решетки во замена за рускиот дилер на оружје Виктор Бут.

Друг Американец, извршниот директор за корпоративна безбедност во Мичиген Пол Вилан, е затворен во Русија од декември 2018 година, под обвинение за шпионажа кои неговото семејство и американската влада го нарекоа неосновано.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика својот руски колега, Сергеј Лавров на почетокот на овој месец веднаш да обезбеди ослободување и на Гершкович и на Вилан.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG