Линкови за пристапност

САД дадоа поддршка за новата сириска власт, но каква ќе биде релацијата после 20ти јануари?


САД дадоа поддршка за новата сириска власт, но каква ќе биде релацијата после 20ти јануари?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

По падот на Башар ал Асад, администрацијата на Бајден рече дека ќе поддржи транзиција кон несекташка влада со одговорност пред сирискиот народ. Сепак, за помалку од шест недели, ќе има нова американска администрација под Доналд Трамп, кој сигнализираше поинаков пристап. Известува Патси Видакусвара

Нова ера на Сирија признаена и поддржана од САД. Тоа е поттикот што администрацијата на Бајден го користи како потпора, во момент на длабока неизвесност по падот на претседателот Башар ал Асад.

„Она што сакаме да го видиме во однос на владеењето во Сирија, е владеење кое се смета за веродостојно и легитимно, кое е одржливо, кое ги исполнува аспирациите на сирискиот народ“, истакна Џон Кирби портпарол на Советот за национална безбедност на САД.

Хајат Тахрир ал-Шам, бунтовничката група која го собори Асад, е странска терористичка група назначена од САД. Има награда од 10 милиони долари за нејзиниот лидер Абу Мохамед ал Голани.

„Оваа победа, браќа мои, е ново поглавје во историјата на целата исламска нација. Тоа е пресвртница за регионот“, рече Ал Голани.

Во последните години Голани се огради од екстремистичката идеологија. Но, тој го одржа својот победнички говор во неделата од древна сунитска џамија во Дамаск, а не од претседателската палата - загрижувачки знак за некои експерти.

„На сопствениот канал на бунтовниците, имаше изјави во кои се вели: „Ја зазедовме џамијата Омајад;“ потоа „ќе одиме во Ал Акса“, што е во превод кон Ерусалим; тогаш „ќе одиме по Каба“, која е во Саудиска Арабија““, посочува Мајкл Рубин од Американскиот ентерпрајз институт.

Американскиот претседател Џо Бајден брзо реагираше и започна воздушни напади врз цели на Исламската држава во Сирија во неделата.

И, во средата, го испрати својот виш дипломат во Турција и Јордан за да се консултира со лидерите. Но, на 20 јануари, Бајден ќе биде заменет со Доналд Трамп, кој сигнализира поинаков пристап.

На социјалните мрежи, Трамп предупреди: - Не се вклучувајте во Сирија!“ Но, САД веќе се ангажирани. Во моментов има околу 900 војници распоредени во Сирија. САД ја поддржува сириската курдска бунтовничка група.

Вашингтон, исто така, има блиски врски со сите соседи на Сирија: Ирак, Либан и сојузниците на САД, Израел, Јордан и Турција.

„Не смееме да бидете настрана целосно. Секако, не. Но, ако самите не сакаме да бидеме премногу ангажирани како САД, ова е време да соработуваме многу тесно со партнерите од целиот регион“, вели Рајан Крокер, поранешен амбасадор на САД во Сирија.

Не е јасно дали според доктрината „Америка на прво место“ на Трамп, САД ќе се стремат кон она што го сака Бајден од идната сириска влада да е инклузивна. Во меѓувреме, другите засегнати страни ги започнаа своите следни потези.

Асад беше поддржан од Москва, која веќе лобира да ги задржи руските воени бази во Сирија.

На север, сириските Курди се раселени бидејќи бунтовниците поддржани од Турција се нападнати од курдски борци поддржани од САД, кои Анкара ги гледа како сојузници на сепаратистичкото движење.

Засега, Иран загуби голем дел од моќта. Особено кога Израел започна напади низ Сирија, дополнително ослабувајќи ја преостанатата воена способност на некогаш цврстиот сојузник на Техеран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG