Линкови за пристапност

САД бараат поддршка од ОН за предлогот на Бајден за прекин на огнот во Газа


За да биде усвоена резолуцијата потребни се најмалку девет гласа „за“ и да нема вето од страна на САД, Франција, Велика Британија, Кина или Русија
За да биде усвоена резолуцијата потребни се најмалку девет гласа „за“ и да нема вето од страна на САД, Франција, Велика Британија, Кина или Русија

САД во понеделникот соопштија дека сакаат Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) да усвои резолуција со која ќе го поддржи предлогот на претседателот Џо Бајден за прекин на борбите меѓу Израел и палестинските милитанти Хамас во појасот Газа.

САД испратиле нацрт-текст, виден од Ројтерс, до 15-члениот Совет.

За да биде усвоена резолуцијата потребни се најмалку девет гласа „за“ и да нема вето од страна на САД, Франција, Велика Британија, Кина или Русија.

Нацртот го повикува Хамас да го прифати договорот и „целосно да ги спроведе неговите услови без одлагање и без услов“.

Документот, исто така, „ја нагласува важноста на страните да се придржуваат до условите од договорот откако ќе се договорат, со цел да се постигне траен прекин на непријателствата“.

Предлогот на САД доаѓа една недела откако Алжир предложи нацрт-резолуција на Советот за безбедност ,со која се бара прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас и во суштина му наредува на Израел „веднаш да ја прекине воената офанзива“ во Рафа.

Бајден во петокот го претстави, како што рече, израелскиот предлог во три фази за прекин на огнот во Газа во замена за ослободување на израелските заложници, велејќи дека „време е оваа војна да заврши“ и доби позитивна првична реакција од Хамас.

„Бројни лидери и влади, вклучително и во регионот, го поддржаа овој план и го повикуваме Советот за безбедност да им се придружи во повикот за спроведување на овој договор“, рече во соопштението на американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд.

Таа ги повика членовите на Советот да ја усвојат резолуцијата.

„Мораме да зборуваме со еден глас за поддршка на овој договор“, рече таа.“.

Лидерите на групата седум држави (Г7) рекоа во соопштението дека тие „целосно го поддржуваат и ќе застанат зад сеопфатниот“ договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Египет рекоа дека е важно „да се постапи сериозно и позитивно“.

XS
SM
MD
LG