Линкови за пристапност

Израел мора да ги преземе сите мерки да се заштитат цивилите, велат САД


45 Палестинци биле убиени, а ранети уште 200, во напад чија цел биле милитантите на Хамас во градот Рафа во јужниот дел на Газа
45 Палестинци биле убиени, а ранети уште 200, во напад чија цел биле милитантите на Хамас во градот Рафа во јужниот дел на Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека е „трагична грешка“ оти во напад чија цел биле милитантите на Хамас во градот Рафа во јужниот дел на Газа, биле убиени 45 Палестинци засолнети во бегалски камп, а ранети уште 200.

„И покрај нашите максимални напори, да не им наштетиме на оние кои не се вклучени, за жал, трагично грешка се случи синоќа. Го истражуваме случајот“, изјави Нетанјаху израелскиот парламент.

Двајца високи милитанти на Хамас биле убиени во нападот.

Вокер Турк, високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, го осуди инцидентот.

„Сликите од кампот се ужасни и поентирачки да нема очигледна промена во методите и средствата за војување што ги користи Израел што веќе доведоа до толку многу цивилни жртви“.

И покрај тоа што ја забележа најавената истрага на израелската војска, Турк рече дека е „шокантно јасно“ оти одлуката да се нападне област „густо преполна со цивили“ би резултирало со „целосно предвидлив исход“ со смрт на повеќе палестински цивили.

Тој го повика Израел да ја почитува минатонеделната наредба на Меѓународниот суд на правдата целосно да ја запре својата офанзива во Рафа.

Турк, исто така, ги повика палестинските вооружени групи да престанат да лансираат ракети неселективно кон Израел како „очигледно кршење на меѓународното хуманитарно право“ и да ги ослободат „одеднаш“ сите преостанати околу 100 заложници кои Хамас ги држи во Газа.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, исто така, ги нарече нападите „ужасни“. и го повика Израел да ја прекине офанзивата во Рафа.

„Ужасно е да се видат невини палестински цивили убиени во неодамнешниот напад. Нема безбедна зона за внатрешно раселените во Рафа“, рече Мишел на социјалната платформа X.

Во Вашингтон, Советот за национална безбедност на Белата куќа, рече дека сликите од нападот се тажни... Израел има право да го напаѓа Хамас, а ние разбравме дека овој напад убил двајца високи терористи на Хамас кои се одговорни за нападите против израелските цивили. Но, како што бевме јасни, Израел мора да ги преземе сите мерки на претпазливост да се заштитат цивилите“.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, агенција Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG