Минатиот месец, Хосе Фернандез, претставник на американската влада во Партнерството за безбедност на минерали, сојуз на претежно западни земји формиран во 2022 година, рече дека кинеска рударска компанија користи „предаторски цени“ за да се намали цената на кобалтот извлечен од Демократска Република Конго.
Бизнисите понекогаш ја користат тактиката, нелегална во некои земји, за да ја намалат конкуренцијата и да воспостават монопол.
Во писмен одговор до Гласот на Америка, компанијата рече: „Ние цврсто ги отфрламе обвинувањата... Оваа рунда на на промени на цените е во рамките на нормалниот опсег и е вистински одраз на понудата и побарувачката на пазарот“.
Партнерството за безбедност на минерали вели дека нејзината цел е да ги елиминира нереалните цени и да ја реформира светската рударска индустрија, каде што е вообичаена експлоатација на работници и институции во земјите во развој.
Фернандез, кој е и државен потсекретар на САД за економски раст, енергија и животна средина, вели дека африканските минерали, како кобалтот, се од суштинско значење за транзицијата на светот кон зелена енергија во услови на климатски промени.
„Потребна ни е Африка. Ни требаат африкански ресурси за да го направиме тоа. Тоа е можност за Африка, а Африка може да го бара она што отсекогаш го сака, а тоа е техничка помош, трансфер на знаење, работа со заедниците, придобивки за заедниците“, вели Фернандез.
Аналитичарите велат дека САД, Европската Унија и другите земји од Партнерството за безбедност на минерали, исто така, имаат за цел да ја насочат контролата врз стратешките ресурси подалеку од Народна Република Кина, бидејќи нејзиното ривалство со Западот се интензивира.
Фернандез вели дека тоа не е така.
„Целта овде е да ги диверзифицираме нашите синџири на снабдување. Вистина е дека во најголем дел, Кина контролира многу од овие минерали. Тоа е ранливост не само за Западот, туку и за сите нас. Наша цел е да направиме се` за ова, истовремено поддржувајќи ги високите еколошки, социјални и владејачки вредности, а со тоа мислам на работа со заедниците за да се осигураме дека заедниците имаат корист од нивните природни ресурси“, посочува Фернандез.
Експерти по рударство изјавија за Гласот на Америка дека кинеските компании спроведуваат некои од најлошите практики во рударската индустрија и дека Партнерството за безбедност на минерали е важено во неутрализирањето на тоа.
„Важна реакција е да се спротивставиме на оние кои ги немаат истите скрупули. Она што се случува е дека имате многу приватни кинески инвеститори во Африка кои веќе не се ни контролирани од нивната влада и нивната земја, а нивното однесување може да биде најшокантно“, вели Андре Баја од „Кор Поташ“.
Еден аналитичар вели дека задачата на Партнерството за безбедност на минерали е тешка бидејќи тоа и западните земји го немаат истото влијание, контрола или моќ што Кина го има врз своите приватни компании.
„Значи, затоа, без разлика на Законот за критични суровини во Европа или каков било вид иницијатива во Канада или Австралија, сите тие зависат од една работа. Тие зависат од фактот дека приватните компании ќе бидат подготвени да ја следат стратегијата“, посочува Кристијан-Жеро Нима од проектот „Кина-Глобален Југ“.
На крајот, вели Фернандез, африканските земји ќе треба сами да одлучат со кого ќе соработуваат.
Facebook Forum