Линкови за пристапност

Руските власти ќе одземаат имот за ширење вести што ќе ги оценат како лажни


Руските власти ќе одземаат имот за ширење вести што ќе ги оценат како лажни
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Советот на Федерацијата на Русија усвои нацрт-закон со кој на властите им се дозволува да го конфискуваат имотот на луѓе осудени за ширење на она што се смета за лажна вест за руските вооружени сили. Известува Катерина Беседина.

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да го потпише законот со кој ќе ѝ се овозможи на владата да го конфискува имотот на луѓето кои ги осудува за намерно ширење лажни вести за руската војска.

„Овој закон е за измамници и предавници. За оние што плукаат по грбот на нашите војници, кои ја предале својата татковина, кои праќаат пари во земјата што е во војна со нас, или ако се во странство, добиваат приходи со издавање на нивниот руски имот“, изјави Вјачеслав Володин, Претседател на Руската дума.

Други прекршоци кои би можеле да доведат до конфискација на имот вклучуваат непочитување на наредбата, дезертирање на војската, повикување на воведување санкции кон Русија и учество во активности на противничка организација.

„Тие донесоа многу флексибилен закон што може да се толкува како што сакаат. Тоа им овозможува на властите да донесуваат секакви одлуки во врска со конфискација на имот. Ова е направено за да се осигура дека луѓето се плашат да се соберат пред амбасадите, се плашат да гласаат за кој било друг освен за Путин или да учествуваат во протести против владеењето на Путин“, вели Дмитриј Гудков, лидер на руската опозиција.

Поранешниот пратеник во руската Дума и лидер на опозицијата Дмитриј Гудков сега е баран човек во Русија поради критикување на руската инвазија на Украина. Тој, кој веќе неколку години не живее во земјава, вели дека се ослободил од својот имот во Русија. Но, другите антивладини луѓе немаа толку среќа.

„Кога започна војната, многу луѓе ја напуштија земјата - новинари, политички активисти, јавни личности, познати личности кои не се согласуваат со властите, кои не ја одобруваат војната. Очигледно е дека многу од нив немаа време да го продадат својот имот во Русија - и тие се оние кои ќе бидат таргет“, вели Гудков.

Според ОВД-Инфо, независен руски медиум за човекови права, против околу 830 лица биле покренати обвиненија за нивната антивоена позиција во Русија.

Околу една третина од овие случаи вклучуваат обвиненија за ширење лажни информации за армијата.

Џон Хербст, директор на Центарот за евроазија на Атлантскиот совет, вели дека мерката е само обид да се сокрие вистината за воените злосторства на Русија.

„Руската влада сака да проектира мит за активностите на руската армија во Украина. Тие сакаат да ги негираат воените злосторства. Тие сакаат да ги сокријат неуспесите. И така, тие ќе ги казнат луѓето кои ги кршат тие митови“, вели Хербст.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG