Линкови за пристапност

Русија се мачи да најде купувачи за природниот гас од Акртикот


Русија се мачи да најде купувачи за природниот гас од Акртикот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00

Се чини дека Русија се мачи да најде купувачи за својот течен природен гас од Арктикот, откако Западот воведе санкции, принудувајќи ја Москва да го складира гасот во огромен контејнерски брод во Арктичкиот Океан. Известува Хенри Риџвел. .

Рускиот гигантски проект Арктик СПГ 2 во Мурманск требаше да стане целосно оперативен во јануари оваа година. Неговата цел беше да произведе речиси 20 милиони тони течен природен гас секоја година, заработувајќи милијарди долари на „Новатек“, компанијата која ја поседува фабриката, и на Кремљ.

Наместо тоа, Русија се чини дека се мачи да го продаде гасот.

Аналитичарот Том Марзек-Мансер користи сателитски податоци и податоци за следење на бродови за да ги надгледува бродовите во фабриката.

„Досега сме свесни за три бродови кои се натоварени од Арктикот СПГ 2 во Сибир, и сите тие навистина не отишле никаде. Два од нив мораа да го симнат својот товар на оваа огромна пловечка единица за складирање, што руски „Новатек“ ја закотви во близина на Мурманск повеќе од една година и никогаш не ја користеше, a која, исто така, е под санкции. Тие ги претоваруваат овие бродови во складиштето затоа што не можат да најдат купувач“, вели Марзек - Мансер и додава дека единицата за складирање брзо ќе се наполни ако Русија не може да најде купувачи.

Арктик СПГ 2 беше водечки проект на рускиот претседател Владимир Путин. Тој ова предвидување го даде пред една година.

„Производството на течен природен гас во руската арктичка зона ќе се зголеми трипати до 2030 година, до 64 милиони тони годишно“, најави Путин.

Таа амбиција сега изгледа малку веројатна. Западот, предводен од САД, воведе санкции за бизнисите поврзани со Арктик СПГ 2 по целосната инвазија на Москва на Украина во февруари 2022 година.

Најважно, мерките се однесуваат и на бродовите наменети за транспорт на гасот.

„Значи, има цела флота товарни бродови што се наоѓаат на бродоградилишта во Азија, кои се специјално дизајнирани да поминуваат низ арктичките мориња. Тие не можеа да бидат продадени на „Новатек“ поради овие санкции“, вели Марзек.

Русија бара начини да ги заобиколи санкциите.

Марзек-Мансер вели дека Кремљ составува таканаречена „темна флота“ од бродови што е тешко да се следи.

„Ова е игра и додека гледаме нови бродови кои се во сопственост на непознати субјекти од Блискиот Исток како влегуваат во руските води, дури тогаш можете правилно да ги споите точките за да кажете, добро, ова очигледно се користи за сервисирање на некои од овие проекти. Дури тогаш се активираат санкциите“, посочува Марзек.

Новатек не одговори на барањата за коментар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG