Линкови за пристапност

Русија преку „хибриден“ притисок го зголемува присуството на Арктикот


Русија преку „хибриден“ притисок го зголемува присуството на Арктикот
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:09 0:00

Аналитичарите велат дека Русија го прифаќа таканаречениот хибриден пристап за зголемување на своето стратешко влијание на Арктикот, преку истражување, зголемени поморски активности и туризам. Хенри Вилкинс известува од Свалбард, Норвешка.

Норвешките компании доминираат во туристичката индустрија овде во Свалбард, далечен норвешки архипелаг, приближно 600 километри северно од копното.

Една компанија, Брим Експлорер, е на врвот, користејќи хибридни електрични мотори за некои од нејзините бродови, меѓу првите во светот што го направи тоа за туризам на море.

Но, Русија, исто така, го насочи погледот кон туристичката индустрија на овој остров. Поради необичната правна рамка на Свалбард, на други земји освен Норвешка кои се потписнички на вековниот Свалбардски договор им е дозволено да вршат економска активност овде.

Русија во април објави дека ќе испрати свој брод со туристи на островот.

Запрашана како тоа може да влијае на нивниот бизнис, Агнес Арнадотир, извршна директорка на Брим Експлорер, ќе рече…

„Мислам дека тоа нема да влијае на нас, но секако разбирам дека руските населби сакаат да ја продолжат својата активност на туристичката страна. Геополитички важно е да се одржи активноста во Свалбард”, вели Арнадотир.

Присуството на Норвешка во Свалбард значи дека таа потенцијално би можела да го оневозможи пристапот на руската северна флота до Атлантикот во случај на конфликт. Од таа причина, велат аналитичарите, Русија одржува присуство на островот, на што има право, првенствено во форма на Баренцбург, град со околу 400 претежно Руси и Украинци.

Повеќето воени активности на Свалбард се забранети според договорот, но аналитичарите велат дека Русија усвојува таканаречен хибриден пристап за зголемување на своето влијание овде. Тоа значи постепено развивање легитимни активности како истражување, индустрија и туризам и зголемување на неговото поморско присуство за стратешки цели.

Еден академик вели дека некои забележале неодамнешно засилување на реториката на Русија околу Свалбард.

„Како прво имаше официјални руски декларации кои беа многу критични кон Норвешка, тврдејќи дека Норвешка ги милитаризира островите, ги извршува задачите на НАТО и така натаму, доста силна формулација, што од луѓето се толкува како многу непријателски”, вели Арилд Мое. од институтот Нансен.

Јон Фитје Хофман, помошник гувернерот на Свалбард и член на Норвешката полициска служба за безбедност, за Гласот на Америка изјави дека има чести мали прекршувања на прописите од страна на Русите на островот, вклучително и злоупотреба на хеликоптери, кои треба да се користат само за помош на рударството.

„Тие возат возила во Баренцбург со руски таблички наместо норвешките официјални таблички што треба да ги имаат”, вели Хофман.

Во мај 2023 година, жителите на Баренцбург организираа поворка за Денот на победата на Русија, за која многу локални жители овде велат дека имала милитаристички призвук. Оваа година, гувернерот на Свалбард рече дека прославите биле „значително попригушени“ откако минатата година го привлече вниманието на глобалните медиуми.

„Дали тоа е затоа што тие самите го сфатиле тоа или некој од Москва рекол дека е подобро да има поскромна прослава, не знаеме”, додава Хофман.

Рускиот специјален конзул во Баренцбург, кој, според истрагата од 2023 година на норвешката телевизија НРК, е оперативец на руското воено разузнавање, го одби барањето за интервју.

Со оглед на тоа што Русија работи на зголемување на своето влијание низ Арктикот и нејзините бази во регионот сега се побројни од три спрема еден на НАТО, нејзиниот предложен туристички брод до Свалбард е веројатно само врвот на ледениот брег.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG