Линкови за пристапност

Русија напредува низ источна Украина, но некои цивили одбиваат да заминат


Русија напредува низ источна Украина, но некои цивили одбиваат да заминат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Падот на Авдивка ја приблии војната до илјадници цивили во тој дел од областа Донбас во источна Украина. Многумина бегаат на запад, но некои избираат да останат и да се соочат со борбите, наместо да станат бегалци. Јан Бочет известува од Покровск, во регионот Доњецк во источна Украина.

Украинските полицајци се обидуваат да ги убедат овие семејства дека е време да си одат.

Од тука јасно и гласно се слушаат звуците на експлозии. Тоа е постојан потсетник дека не е далеку од првите борбени редови во ова село во регионот на Донбас, источна Украина.

„Ајде да одиме додека сме тука“, им вели украинскиот војник на локалните жители, кои сè уште не сакаат да заминат.

Внатре во куќата, мајката на жената, 73-годишната Парасковја, која го задржала своето презиме, ужива во редок сончев ден во оваа облачна, студена зима за да поправи јакна.

Таа вели дека последните недели биле гласни, а постојано се случувале артилериски експлозии.

„Ситуацијата, знаете, секогаш овој гласен татнеж, ме плаши. Страшно е“, вели Парасковја.

И покрај ризиците, семејството на Парасковја одлучило да остане. Тие велат дека немаат каде да одат.

По речиси десет години битки во овој регион на Донбас, се чини дека границата на фронтот се приближува по падот на Авдивка, упориштето што Украинците го загубија во февруари.
Оттогаш, руските трупи напредуваат во оваа област, полека, но стабилно. Руските трупи се на помалку од пет километри од Очеретино, но градот е веќе уништен.
Овој воз тргнува секој ден од Покровск, најголемиот град во овој регион, недалеку од овде. Ги носи оние кои веруваат дека војната премногу им се приближува.

„Војната доаѓа, можеме да ја слушнеме, гледаме на телевизија, Покровск е бомбардиран“, вели Катерина Кирилова, жителка на Донбас.

Катерина живее во едно од селата западно од Авдивка, кое сè уште е под контрола на Украина.

Таа ја испраќа својата внука на безбедно место далеку од првите борбени редови. Тања има само 15 години. Но, Катерина, како и многу цивили во оваа војна, вели дека повеќе сака да се соочи со борбите, отколку да стане бегалка.

На железничката станица, многу војници кои се бореле во крвавата битка во Авдивка конечно си одат дома да се одморат.

„Моето срце остана таму, ова е единственото нешто што можам да го кажам, го направивме тоа за нив“, вели украинскиот војник Моња.

Во последните две години, Моња само двапати ги напуштил првите редови. За време на хаотичното повлекување од Авдивка, тој се сретнал со Тања и нејзината баба.

Тие останале заедно во последните денови, а сега тој е одговорен да го однесе девојчето кај нејзината мајка во централна Украина.
Но, во неговите очи, лесно е да се види дека тој, исто така, ги носи дома ужасите на бруталната војна која се чини дека е далеку од крај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG