Линкови за пристапност

Русија е помалиот партнер, велат аналитичари по средбата Путин – Шји


Русија е помалиот партнер, велат аналитичари по средбата Путин – Шји
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:01 0:00

Неодамнешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина ги подвлече растечките економски и геополитички врски меѓу Москва и Пекинг. Но, како што известува Хенри Риџвел, аналитичарите велат дека Кина би можела да се обиде да ги искористи своите односи со ослабената и изолирана Русија.

Кинескиот претседател Шји Џјининг го прегрна Путин кога рускиот лидер пристигна во неделата во Пекинг.

Покажувањето топлина беше пропратено со низа раскошни државни церемонии, навидум по повод одбележувањето на 75 години дипломатски односи.

Путин ја пофали зголемената билатерална трговија меѓу Русија и Кина, која, како што рече, достигнала годишно 240 милијарди долари.

Посетата на Путин на Кина дојде неколку дена откако Шји отпатува во Европа, каде лидерите на ЕУ се обидоа да го убедат да ја прекине поддршката за руската војна против Украина.

Јасно е дека не успеаја, вели аналитичарката Велина Чакарова.

Тој сојуз, вели Чакарова, има последици надвор од Украина.

Шји и Путин ги обединуваат геополитичките цели, а нивните автократски идеали ги загрозуваат демократските општества, според авторката Ен Еплбом.

Аналитичарите велат дека односот е силно насочен во корист на Кина.

Путин треба да биде домаќин на Шји на самитот БРИКС во октомври во Русија, како што и двете земји се обидуваат да ја поттикнат поддршката за нов, мултиполарен свет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG