За прв пат по четири години, републиканците ќе имаат мнозинство во Сенатот на САД.
„Ова е секако радосен ден за републиканците“, изјави Мич Меконел, лидер на малцинството во Сенатот.
Републиканците ги обезбедија очекуваните победи во клучната држава Пенсилванија.
„Изгледа дека одиме во многу добра насока“, изјави Дејвид Мекормик, новоизбран републикански сенатор од Пенсилванија.
И во Тексас, демократот Колин Олред не успеа да го победи републиканскиот сенатор Тед Круз.
„Ќе се борам за вас, за вашите работни места, за вашата безбедност и за вашите уставни права“, истакна Тед Круз.
Сите 435 места во Претставничкиот дом на САД исто така беа на реизбор, при што се очекува републиканците да ја задржат својата контрола над Долниот дом.
Во трката за Сенатот, демократите обезбедија победа во Калифорнија.
„Посветен сум да преземам голема битка за заштита на нашите слободи и за заштита на нашата демократија“, истакна Адам Скиф, новоизбран демократски сенатор од Калифорнија.
Контролата на Сенатот беше решена од неколку клучни трки, каде што исходот беше неизвесен. Изборните трки како во Охајо и во Монтана, каде републиканецот Тим Шехи го победи актуелниот демократски сенатор Џон Тестер.
Со контролата на американскиот Сенат, Трамп ќе може да ги потврди своите номинирани пред највисокиот суд во земјата, Врховниот суд на САД, и има полесен пат до усвојување на неговата законодавна агенда.
„Со мнозинството за Доналд Трамп, тој не само што може да ги потврди секретарите на неговиот кабинет без да мора да добие поддршка од демократите, туку и нивните заменици. Ќе има илјадници назначувања во извршната власт, а особено во судовите“, посочува Кејси Бургат, професор на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“.
Републиканците последен пат ги контролираа двата дома на Конгресот за време на првите две години од првиот мандат на Трамп како претседател во 2017 година.
Facebook Forum