Автоматизацијата влијае врз работниците во светот повеќе од еден век ... згаснувајќи, но и создавајќи работни места.
Експертите сега истражуваат за да предвидат како генеративната вештачка интелигенција или GenAI ќе го промени начинот на кој работиме.
Санџај Патнаик од Институтот Брукингс вели дека генеративната вештачка интелигенција се движи во области кои некогаш зависеле исклучиво од луѓето.
„Работните места кои се со најголем ризик да бидат заменети - маркетиншки аналитичари, асистенти за истражување, финансиски аналитичари, тоа се професии кои можат релативно лесно да се автоматизираат“, вели Санџај Патнаик од Институтот Брукингс.
Но, некои експерти велат дека има недостиг од квалификуван персонал.
Сузан Билер од Меѓународната федерација за роботика вели дека вештачката интелигенција придонесува во трендот.
„Ги разгледуваме работните места што исчезнуваат затоа што никој повеќе не се обучува за тие работи. Добар пример за тоа е заварувач. Ние ги користиме роботските решенија за да го надминеме тој проблем и сè уште ги извршуваме сите потребни работи за заварување“, изјави Сузан Билер од Меѓунардоната федерација за роботика.
А Абигејл Гилберт од Институтот за иднината на работата вели дека има некои работи што вештачката интелигенција не може да ги направи.
„Сè уште постои силна побарувачка и постојана побарувачка за комуникација, критичко размислување и лидерство во бизнисите. Значи, оние видови на струки остануваат критично важни за пазарот на трудот“, смета Абигејл Гилберт од Институтот за иднината на работата.
И Шон Дејли од Универзитетот Нијагара вели дека вештачката интелигенција нема да исчезне и еден начин за зачувување на работно место е да станете експерт за вештачка интелигенција...
„За оние коишто ги разбираат трендовите ќе има барања за нивните способности и вештини. Некои од нив, ќе бидат креатори на содржини кои можат да создадат уникатни форми од генераторите на текст, на слики, на видео и генераторите на програмите“, рече Шон Дејли од Универзитетот Нијагара.
За таа цел, Белата куќа ги објави своите планови до крајот на следната година да го зголеми бројот на експерти и обучени лица за вештачка интелигенција во федералната Влада за 500 вработени.
Facebook Forum