Линкови за пристапност

Разговор со млади музичари од Охрид


Разговор со млади музичари од Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Првите почетоци ги прават во основното музичко училиште Методи Патче од Охрид. Едниот на пијано, другиот на виолина, браќата Владимир и Виктор Србиноски, денес имаат една единствена цел, да бидат дел од најпознатите светски музички сцени. Мики Трајковски ги има деталите,

Првите почетоци ги прават во основното музичко училиште Методи Патче од Охрид. Едниот на пијано, другиот на виолина, браќата Владимир и Виктор Србиноски, денес имаат една единствена цел, да бидат дел од најпознатите светски музички сцени. Желбата за свирење се родила, гледајки ги настапите на близок роднина, кој што исто така е музичар.

//Владимир Србиноски-пијанист//

„Мојот план е да станам концертен пијанист. Да ги освојам светските сцени, да одржувам концерти семинари и да сум професор на некој од познатите факултети. Би било идеално да сум во некоја од познатите музички држави, како што се Австрија, Германија и Швајцарија“.

//Виктор Србиноски-виолинист//

„Ќе продолжам и се надевам дека ќе свирам на многу концерти низ многу држави“.

Виктор кој заврши седмо одделение, неодамна ја имаше привилегијата, која само малкумина ја имаат, да настапи заедно со Македонска филхармонија и беше најмладиот солист. Тој е само вториот ученик од училиштето, кои досега настапиле со филхармонија.

//Виктор Србиноски-виолинист//

„Настапот е концерт „Младите доаѓаат“. Тој концерт се свири заедно со Македонската филхармонија. На аудицијата од 24 ученици примаа само 10 ученици, од кои јас бев еден од нив“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG