Линкови за пристапност

Растат стравувањата за голем конфликт на Блискиот Исток


Растат стравувањата за голем конфликт на Блискиот Исток
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Растат стравувањата за голем регионален конфликт на Блискиот Исток. Во израелските воздушни напади врз милитантите на Хезболах во Либан, загинаа најмалку 490 луѓе, според либанското Министерство за здравство. Известува Кетрин Гипсон. 

Израел нападна повеќе од 800 цели во Либан, вклучително и главниот град Бејрут, предизвикувајќи евакуација на илјадници луѓе, додека на другата страна, израелската железна купола пресретнува ракети од Либан. Стравувањата од поширок конфликт на Блискиот Исток се зголемуваат.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави за новинарите во Белата куќа дека САД работат со своите колеги во регионот.

„Работиме на деескалација на начин што ќе им овозможи на луѓето безбедно да се вратат во својот дом“, рече Бајден.

Минатата недела, Израел изврши атентат користејќи далечински контролирани пејџери кои експлодираа, при што беа убиени членови на Хезболах. Израелскиот премиер вети дека ќе ги продолжи воените кампањи на Израел.

„Не чекаме закана, ја предвидуваме. Секаде, во која било арена, во секое време. Ги елиминираме високите функционери, ги елиминираме терористите, ги елиминираме проектилите - и претстои уште повеќе“, рече Бенјамин Нетанјаху.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари ги предупреди либанските цивили да се држат настрана од воените складишта.

„Хезболах има намера да го гранатира Израел, а ние тоа нема да го дозволиме. Останете подалеку од нив за своја заштита“, порача Хагари.

Воздушните напади поттикнаа итен состанок на либанскиот кабинет и предупредувања од Обединетите нации. Од Белата куќа велат дека бараат дипломатско решение, а еден аналитичар изјави за Гласот на Америка дека прекинот на огнот од речиси годинашната војна меѓу Израел и Хамас изгледа сè поневеројатен.

„Евентуалниот прекин на огнот во Газа веќе не е решение, бидејќи тоа едноставно не се случи. Мислам дека другите дипломатски напори на САД, исто така, не се јасни како ќе се реализираат“, вели Нимрод Горен од Институтот за Блискиот исток.

Конфликтот започна минатиот 7-ми октомври кога терористичката група назначена од САД како Хамас, го нападна Израел, при што загинаа повеќе од илјада луѓе, а 250 луѓе беа земени како заложници.

Во воениот одговор на Израел во Газа загинаа повеќе од 41.000, според палестинското Министерство за здравство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG