Линкови за пристапност

Раселени Израелци почнаа да се враќаат близу границата со Газа


Раселени Израелци почнаа да се враќаат близу границата со Газа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:52 0:00

Четири месеци по нападите на Хамас врз израелските заедници кои граничат со Газа, некои од околу 125.000 Израелци раселени од тие области се враќаат во своите домови. Други, пак, велат дека сè уште не се чувствуваат безбедно. Известува Линда Градстајн.

Ноам Иври Аданани живее во Сдерот, нешто повеќе од еден километар од границата со Газа. До неговата станбена зграда се наоѓа батерија од Железна купола која ги соборува проектилите од Газа насочени кон овој мал град.

На 7 октомври, десетици вооружени напаѓачи на Хамас упаднаа во Сдерот, пукајќи и убивајќи повеќе од 40 жители, вклучително и група постари граѓани кои тргнаа на патување. Вооружените напаѓачи ја презеле и локалната полициска станица.

Како и неговите соседи, Аданани бил евакуиран во хотел на Мртвото Море неколку дена по почетокот на војната со Хамас. Откако беше ослободен од тримесечната должност на резервист во армијата, Аданани и неговата сопруга одлучија дека е време да се вратат дома.

„Сето ова време откако заминавме на петтиот ден од војната, си рековме ова е нашиот дом. Ова е местото каде што сакаме да останеме. Нема да им се предадеме на луѓето кои не сакаат да живеат покрај нас во мир, туку сакаат да не избркаат и да ни наштетат. И ова е најдобриот начин да продолжиме да ги живееме нашите животи пркосно, но самоуверено“, вели Аданани.

Сопругата на Ноам со етиопско-израелско потекло, Ахува, има големо семејство што се евакуирало од Сдерот по нападот на Хамас на 7 октомври. Сите биле за враќање, но таа вели дека понекогаш е исплашена.

„Кога шетам по улица, размислувам: „Што ако таа личност е терорист?“ Може да ме застрела и да ме убие. Навистина не се чувствувам безбедно, но немам друго каде да одам. Ова е мојот дом“, додава госпоѓата Аданани.

Според локалните власти, околу една третина од 35.000 жители на Сдерот се вратиле во своите домови. Многу од другите кои сè уште живеат во хотели или изнајмени станови се семејства кои сакаат нивните деца да ја завршат учебната година во привремените училишта формирани за илјадниците раселени деца.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG