Пролетни температури и цут на јапонските цреши. Ова го прави Вашингтон интересен за гости од цела Америка, ако и странски туристи, кои деновиве излегоа кај резервоарот на реката Потомак да ги видат расцутените дрвја.
Годинава тие се расцветаа порано, за разлика од претходните години, кога пикот беше најчесто во април.
Ова дрво најмногу го привлекува вниманието на посетителите. Често било под вода, како што објаснуваат надлежните на паркот, бидејќи водните ѕидови не обезбедувале заштита доволно. Годинава е последен пат кога може да се види цутот на ова и на други 157 јапонски цреши, од вкупно, 3.700, бидејќи тие ќе бидат остранети.
Реконструкцијата на водните ѕидови ќе почне во мај и ќе трае три години. Службата за национални паркови на САД соопшти дека инвестицијата вреди 113 милиони долари и таа „ќе обезбеди паркот да може да ги заштити најпознатите споменици на државата и јапонските цреши од дотраената инфраструктура и од зголемувањето на нивото на водата во наредните 100 години“.
Надлежните велат дека водата што се прелева од резервоарот ги поплавува корените на дрвјата, а тоа им штети на јапонските цреши.
И додека траат подготовките за обнова, граѓаните уживаат во глетката. По завршувањето на проектот во 2027 година, 455 дрвја, од кои 274 јапонски цреши, ќе бидат повторно засадени во областа, вети Службата за национални паркови.
Facebook Forum