Линкови за пристапност

Радост, но и загриженост - Сиријците во Европа пред нова егзистенцијална неизвесност


Радост, но и загриженост - Сиријците во Европа пред нова егзистенцијална неизвесност
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00

Во текот на изминатата деценија, европските земји ги отворија вратите за повеќе од еден милион баратели на азил кои бегаа од граѓанската војна во Сирија. Сега, со падот на режимот на Башар ал Асад, ги оставија Сиријците во Европа и радосни и исплашени за иднината. Известува Лиза Брајант.

Сиријците во ЕУ пред нов предизвик - дали да се вратат во Сирија или да останат во европските домови?

Во текот на изминатата деценија, европските земји ги отворија вратите за повеќе од еден милион баратели на азил кои бегаа од граѓанската војна во Сирија. Сега, со падот на режимот на Башар ал Асад, ги оставија Сиријците во Европа и радосни и исплашени за иднината. Лиза Брајант има повеќе од францускиот град Орлеанс.

Набил Атар донесе парче од неговата родна Сирија во средновековниот француски град Орлеанс. Рецепти кои ги научил од неговата мајка и сеќавања на татковината што ја напушти пред речиси една деценија...откако беше принуден, вели тој, од владата на Башар ал Асад.

„Вооружени луѓе ми се заканија да платам пари. Ми го киднапираа синот. Беше многу сложено. Платив многу пари за да си го вратам синот”, раскажува Атар.

Некогаш успешен бизнисмен во Дамаск, Атар замина со своето семејство, придружувајќи им се на стотиците илјади Сиријци кои бегаат во Европа. Во Париз доби обука за менаџирање на ресторан.

Во 2018 година, тој и неговата сопруга го отворија Нарењ овде во Орлеанс. Името на арапски значи „горчлив портокал“. Семејството доби француско државјанство. Атар вели дека луѓето тука се добредојдени.

„Никогаш немавме никаков проблем. Никогаш не се соочивме со „расизам“. Никогаш не го сретнавме тоа”, вели Атар.

Потоа дојде вест дека режимот на Асад паднал. Тоа предизвика прослави во Орлеанс - вклучително и во ресторанот на Атар.

„Се надевам и верувам дека Сирија ќе биде подобра - многу подобра од порано. За тоа немам никаква грижа”, вели Атар.

Но, промената на режимот во Сирија предизвикува други грижи. Некои влади на Европската унија ги замрзнаа новите сириски барања за азил, тврдејќи дека режимот на Асад што ги поттикнал повеќе не постои. Франција го проучува ова прашање.

И во време на зголемени антиимиграциски чувства, некои европски политичари одат понатаму - велејќи дека сириските бегалци треба да си одат дома. Групите за права и многу Сиријци тврдат дека сè уште се соочуваат со закани.

„Она што е најважно сега треба да е безбедноста на сириските бегалци и на луѓето што бараат заштита. На ова треба да му се даде приоритет пред политичките интереси”, вели оливиа Сандберг Диез од Амнести интернешнл.

Таа дебата се повторува во Орлеанс, каде што некои Сиријци се загрижени за новото раководство во Дамаск.

„Загрижен сум за земјата. Загрижен сум за иднината бидејќи тие се екстремисти”, вели Рамез Гадри, жител на Орлеанс.

Атар е пооптимист.

„Познавам многу луѓе кои се подготвени да се вратат назад затоа што не можеа да се интегрираат во општеството. Азил - ако имаат вистинска причина, ќе го добијат”, вели Атар.

Тој вели дека се надева дека ќе се врати во пост-Асад Сирија.

„Би сакал да се вратам, да го посетам семејството, мојата куќа, да се видам со моите пријатели. Погледнете ги улиците, каде работам, каде живеев”, додава Атар.

Но, не за добро. Неговиот живот и иднина, вели Атар, сега се во Франција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG