Линкови за пристапност

Пушењето марихуана е дозволено во Њујорк, но само од официјални продавници


Пушењето марихуана е дозволено во Њујорк, но само од официјални продавници
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Властите на Њујорк се борат со напливот на нелегални продавници за марихуана кои се појавија на речиси секој агол на Њујорк поради легализацијата на канабисот. Арон Ранен известува.

На неодамнешниот фестивал на марихуана во градот Њујорк, присутните отворено пушеле канабис во јавност, благодарение на неодамнешните закони на Њујорк кои им дозволуваат на граѓаните да пушат марихуана секаде каде што е дозволено пушењето тутун, вклучително и на градските улици.

„Ослободувачки е на некој начин, се чувствувате толку стегнато во ова општество и во овој свет, но во градот Њујорк имаме можност да бидеме слободни во овој момент“, вели Сиди Статик, корисничка на марихуана.

И покрај легалниот статус за јавна употреба на марихуана, изворот на производот останува значаен проблем.

Во сојузната држава Њујорк, над 100 легални продавници се натпреваруваат со илјадници нелегални, нелиценцирани продавници, кои се појавија брзо откако марихуаната беше легализирана.

Првичниот закон наметна само казни за овие неовластени продавници, што доведе до тоа многу сопственици на нелегални продавници да отворат без страв.

Оваа нерамнотежа изврши финансиски притисок врз лиценцираните бизниси, како оваа легална продавница за марихуана во срцето на Њујорк.

„Тоа би требало да биде пазар од 4 милијарди долари овде во сојузната држава Њујорк. И мислам дека минатата година лиценцираните продавници направија околу 40 милиони долари. Значи, постои огромна празнина и надежта е дека ќе можеме да отвориме повеќе легални продавници откако ќе ги затвориме недозволените продавници“, вели Арана Ханкин-Бигерс, претседателка на легална продавница за марихуана во Њујорк.

За да го спречи порастот на нелегалните продавници, сојузното законодавство неодамна им даде повеќе овластувања на државните и локалните власти да ги затворат.

„Само во последните четири недели, според новите овластувања, државата и градот Њујорк, заедно имаат заклучено речиси 500 од продавниците. Можеби имаше ограничено овластување да се вклучи во ова ниво на постапување порано. Но, сега кога ги имаме тие овластувања, сојузната државата се движи многу агресивно да ги затвори овие нерегулирани оператори“, вели Џон Кагија од канцеларијата на Њујорк за менаџмент на канабисот.

Сепак, сопствениците на нелиценцирани продавници, како Били, кои прашаа да не им биде користено нивното презиме поради приватност, тврдат дека тие се потребни.

„Затворањето на сите продавници е најлошото нешто што можете да го направите. Има над 3.000 продавници за тутун во Њујорк, а има околу 55 легални продавници за марихуана? Значи, ќе ја земете базата на клиенти од 3.000 нелегални продавници за пушење, зошто никој нема да сака да чека на ред само за да купи марихуана“, вели Били, ко-сопственик на нелиценцирана продавница за канабис.

Џон Кагија од канцеларијата на Њујорк за менаџмент на канабисот, го побива овој поим, тврдејќи дека постојат здравствени ризици поврзани со нелегалните продавници.

„Не знаеме од каде се овие производи. Тие не се тестирани. Не знаеме по кои стандарди се произведени. И така, навистина потрошувачите немаат поим што користат кога купуваат од нелегални продавници во споредба со легалните, каде што производите се регулирани, тестирани и одгледувани токму овде во државата Њујорк“, додава Кагија.

Њујорк им се придружува на 24 сојузни држави, заедно со Вашингтон и Гуам, во легализирањето на рекреативната употреба на марихуана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG