Линкови за пристапност

Психолози: Закрепнувањето на ослободените заложници ќе биде долг пат


Психолози: Закрепнувањето на ослободените заложници ќе биде долг пат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Израелските заложници ослободени од Газа како дел од мировниот договор се соочуваат со долг пат до закрепнување. Експертите велат дека физичката и психолошката траума што тие ја преживеале долго ќе се надминува. Известува Линда Градстајн од Ерусалим

Тројца израелски заложници ослободени по 471 ден заробеништво во Газа биле однесени директно во израелска болница. Младите жени изгледаа дека се во релативно добра состојба, барем надворешно.

Но, израелскиот медицински персонал е подготвен за ослободените заложници - и сите оние кои се уште се држат во заробеништво - да се вратат дома со физички и емоционални рани.

Сите телесни системи најверојатно се засегнати по месеци поминати во подземни тунели со ограничен воздух, светлина и храна, велат израелските медицински експерти.

„По толку долго време, 15 месеци, ние очекуваме многу болести, физички и психички, всушност кај секој од нив. Не е важно кој бил порано и во каква здравствената состојба било лицето”, објаснува Д-р Амир Блуменфелд, специјалист за траума.

Психолозите за рехабилитација како Ејнат Јехене велат дека ќе има и емотивни лузни.

„Kогнитивни симптоми, дезориентација, емоционална раздразливост, емоционално повлекување, дезориентација во време и место, тешкотии да се поврзете со другите, тешкотии да покажете емоции”, вели Јехене.

И психолозите и семејствата на ослободените заложници сè уште учат како да се справат со траумата што ја претрпеле.

„Научивме нов начин да гушкаме некого и тоа е така што му даваме простор. Значи, тоа е првото нешто: дајте им простор и оставете ги тие да водат; вратете им ја контролата врз нивните животи, нивниот наратив”, посочува Инбар Голдстајн, роднина на ослободените заложници.

Други роднини на вратените заложници велат дека никогаш нема да го заборават нивното искуство, но се надеваат дека ќе научат да се справуваат со тоа. Сопругата и трите мали деца на Авичаи Бродуч беа киднапирани на 7 октомври од населвата Кфар Аза и ослободени по договорот од ноември 2023 година.

„За жал, тоа е дел од нашите животи и дел од мојот живот и дел од животот на моето семејство. Но, секој ден му благодарам на Бога за она што го имам. Доживеав чудо“, раскажува Авичаи Бродуч, сопруг и татко на ослободени заложници.

Некои од семејствата на преостанатите заложници сè уште не знаат дали нивните роднини се живи или мртви или дали некогаш ќе бидат вратени. Велат и тие чекаат чудо.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG