Линкови за пристапност

Прва владина седница предводена од премиерот Мицкоски


Прва владина седница предводена од премиерот Мицкоски
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

По седум години, од јуни 2017, нова коалиција на политички партии се најде во зградата на владата. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на албанските партии „Вреди“ и Знам ја одржа првата седница по преземањето на должноста во понеделникот. Извештај на Владимир Мирчески

По седум години, од јуни 2017, нова коалиција на политички партии се најде во зградата на владата. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на албанските партии „Вреди“ и Знам ја одржа првата седница по преземањето на должноста во понеделникот. Премиерот Мицкоски и 23 министри ги зазедоа своите места, а во техничкото функционирање на владиниот систем ги запозна сѐ уште актуелниот генерален секретар на владата од претходната постава.

Една од првите одлуки на владината седница беше разрешување на стариот и именување на нов генерален секретар – тоа е Игор Јанушев, поранешен пратеник и човек од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Назначен е и нов директор на Управата за јавни приходи – Елена Петрова, која според владиното соопштение, има 25 годишно искуство во УЈП. Нов директор добива и Бирото за јавна безбедност – тоа е Александар Јанев, човек од структурите на МВР. На чело на Царинската управа застанува Бобан Николовски. На првото заседание, владата на Христијан Мицкоски ја разгледувала и можноста за зголемување на пензиите за 5 000 денари.

Уште пред новата влада да ја одржи првата седница, ново предупредување дојде од Атина – грчкото МНР, во писмено соопштение, повтори дека, како што се вели, „раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата“. Грција смета дека новата влада во земјава сè повеќе се оддалечува од добрососедските односи.

Ова прашање грчкиот премиер Мицотакис го отворил и на состанокот на Европскиот совет во Брисел каде пред останатите шефови на држави и влади на членките на Унијата кажал дека се прекршува Преспанскиот договор со тоа што претседателката Сиљановска-Давкова и премиерот Мицкоски уставното име не го користат ерга омнес.

„Јасно ставив до знаење дека доколку Скопје инсистира на оваа линија, во суштина, тоа ќе го отежне, ако не и практично, ќе го поништи секој процес на непосредна конвергенција со европското семејство. Така што, мислам дека секој треба да ги сфати последиците од своите постапки и да разбере дека почитувањето на европското законодавство очигледно оди преку доследно почитување на меѓународните договори потпишани од двете страни“, рече премиерот на Грција Киријакос Мицотакис.

Вчера и Бугарија, на состанокот на Европскиот совет, го отвори прашањето за Северна Македонија и почитувањето на преземените меѓународни обврски, а во случајот со Софија, тоа е вметнувањето на Бугарите во уставот како услов зса продолжување на пристапувањето кон ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG