Линкови за пристапност

Протесна нота за бугарскиот амбасадор


Протесна нота за бугарскиот амбасадор
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Протесна нота за бугарскиот амбасадор. Протестна дипломатска нота за петочната непријатна ситуација - отсуството на македонско знаме при ракувањето меѓу претседателите на Бугарија и на Северна Македонија во Софија. Автор: Владимир Мирчески

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да прими протестна дипломатска нота за петочната непријатна ситуација - отсуството на македонско знаме при ракувањето меѓу претседателите на Бугарија и на Северна Македонија во Софија.

На Жељазко Радуков му е врачена нота за, како што го нарекуваат во македонското МНР, пропуст на официјалниот бугарски протокол, кој и покрај претходниот договор меѓу двете страни, дозволил фотографирање и при ракувањето меѓу Гордана Сиљановска-Давкова и Румне Радев пред само бугарското знаме. Утврдено било дека фотографии ќе има само од средбата во работните простории на бугарскиот претседател, нешто што, според МНР, не било испочитувано.

Зошто не се реагирало веднаш, во петокот, кога беше средбата, туку денеска, по бурната реакција на јавоста. „Сакавме да покажеме обзир за ситуацијата зашто неколку часа пред состанокот се урна бугарски воен авион при што загинаа двајцата пилоти“, велат од македонската дипломатија. Она што сега МНР го очекува е извинување од Софија.

Премиерот смета дека чинот не е само обичен пропуст.

„Во минатото се понижуваше македонското достоинство, се виткаше кичма, сега се решаваат работите на ваков начин-дипломатски, со праќање протестна нота и ќе нема надворешна политика со свиткана кичма. Кога ќе се помине црвената линија треба да се реагира. Но, она што е поважно е што Европа и светот можеа, на отворена сцена, да видат кои се намерите на водството во Софија – а тоа не се Бугарите во уставот, тоа е најмалиот проблем. Многу поголема е потребата е да покажат мускули и своите вистински намери“, рече Мицкоски.

„Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG