Линкови за пристапност

Протест во Скопје против руската инвазија врз Украина


Протест во Скопје против руската инвазија врз Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

Русија е терористичка земја, беше истакнато на протестот што украински и македонски граѓани го одржаа денеска во Скопје, а по повод две години од руската инвазија врз Украина. На протестот пред амбасадата на Русија, беше запален и портрет на Владимир Путин.

На Путин да му се суди за злосторства против човештвото, порачаа учениците на денешниот протест што се одржа во Скопје, а по повод две години од руската инвазија врз Украина. Учествуваа украински, но и македонски граѓани, кои упатија порака дека „Русија е терористичка земја“. Меѓу другото, беше укажано дека на Украина ѝ е неопходна силна меѓународна воена помош, за да ги ослободи привремено окупираните територии и да се воспостави повторно мир во регионот. Воедно, учесниците нагласија дека Русија е закана и за глобалниот мир.

За време на протестот, пред руската амбасада учесниците запалија и портрет од рускиот претседател Владимир Путин.

Претставниците од Украинското здружение „Лесја Украинка“, кое го организира протестот, се заблагодарија за помошта што македонските граѓани и државата ги упатиле кон Украина, како и за отворените врати кон украинските бегалци во земјава. Воедно беше истакнато дека на бегалците од Украина во Северна Македонија им е овозможено полесно да се интегрираат во општеството преку тоа што веќе им е дозволено да се вработуваат, да имаат државно здравствено осигурување, како и образование и градинки за децата.

Пред протестот се одржа и кус протестен марш низ центарот на Скопје од Алејата на Украина, кон руската амбасада, а на чело беше украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG