Линкови за пристапност

Промената на полот создава предизвици за училиштата во Калифорнија 


Промената на полот создава предизвици за училиштата во Калифорнија 
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00

Во Калифорнија, нов закон ќе ги блокира државните училишта да ги известуваат родителите доколку нивните деца решат да го променат полот. Генија Дулот известува од Јужна Калифорнија.

Шеснаесетгодишниот средношколец од Калифорнија, Блу, пред две години им кажал на своите родители дека го променил полот. Блу, кој побара да не го користиме неговото презиме поради загриженост за неговата безбедност, вели дека разговорот бил нешто што требало да го направи во свое време.

„Требаше многу долго време. Беше нешто повеќе од недели кога ѝ кажав на мајка ми. Ако ми беше одземена таа можност и наставниците кои се вклучија во моите разговори за мојот идентитет му кажаа на моето семејство без мое знаење, јас ќе немав можност да се подготвам за разговорот. Тоа ќе беше стресно и можеше да биде многу страшно“, вели Блу.

Училишниот одбор на Чино Вали размислува поинаку и минатата година побарал од своите училишта да ги известат родителите во рок од 72 часа доколку нивното дете побара да биде идентификувано со различен пол.

Соња Шо е претседателка на училишниот одбор.

„Никогаш нема да биде само Сузи да ја нарекуваат со друго име нејзините врсници. Тоа би требало да биде иницирано со акција, а акцијата е - Училиште сакам сега официјално да ме нарекувате со ова име и да ми го смените полот. Сакам официјално да почнам да одам во тоалетот на спротивниот пол. Сакам официјално да играм во тим од спротивен пол. Тоа би иницирало известување до родителите“, посочува Шо.

Сојузната држава Калифорнија ја тужела училишната област Чино поради таа политика и оваа година донесе закон со кој се забрануваат такви известувања.

Училишната област се противи на државата, тврдејќи дека новиот закон ги крши уставните права на родителите. Никол Бабел вели дека државата треба да не се меша меѓу родителите и децата.

„Никој и ништо нема да застане меѓу мене и моите деца. Точка. Отпишав од училиште едно од децата. Тој се школува дома. Постарата ќерка ќе ја заврши оваа година и со тоа ќе ќе завршам со државниот училишен систем“, категорична е Бабел.

Родителот од Калифорнија Кети Молиг, вели дека известувања до родителите е прекршување на приватноста на учениците кои можеби не се подготвени да разговараат за ова прашање со своите родители.

Молиг е родител на трансродово дете и основач на непрофитната група „Трансфемили Сапорт Сeрвисис“.

„Сакаме семејствата да знаат. Ова не е за чување тајни. Ученикот и родители ќе разговараат за тоа кога ученикот е подготвен да го води тој разговор и на начинот на кој ученикот е подготвен да го води тој разговор наместо да им се наметнува“, вели Молиг.

Законот што ги блокира училиштата да ги известуваат родителите за одлуките на учениците за промената на нивниот пол стапува на сила во јануари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG