Комисијата за заразни болести по денешниот состанок донесе одлука да му препорача на министерството за здравство да се прогласи епидемија на голема кашлица – пертусис на територијата на Град Скопје. Од Комисијата препорачуваат во градинките да не се врши прием и упис на деца кои не се вакцинирани или се делумно вакцинирани. До граѓаните со апел за вакцинација на децата за да се спречи ширење на болеста а за таа цел се обезбедени доволен број на вакцини и вакциналните пунктови ќе работат во две смени.
Досега се потврдени 18 случаи на голема кашлица пертусис а едно дете е хоспитализирано
Facebook Forum