Линкови за пристапност

Проект наречен „Семиња на мирот“


Проект наречен „Семиња на мирот“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Летото 1993 година, 46 израелски, палестински, египетски и американски деца, се собраа во камп во сојузната држава Мејн. Кампот беше идеја на новинарот и автор Џон Валач, кој сакаше да им обезбеди на децата од војната шанса да изградат посигурна иднина. Џеф Свикорд известува.

Секое лето, деца од конфликтни региони на Блискиот Исток, Централна Азија и САД, се собираат во тивок амбиент во американската сојузнадржава Мејн за да изградат разбирање и пријателство.

Тоа е дел од проектот наречен „Семиња на мирот“.

Децата често пристигнуваат во кампот со сите негативни стереотипи во нивните сегрегирани заедници. Шамс Хафез од Египет бил во кампот во 2018 година и се вратил оваа година како советник.

Има многу вообичаени активности за летен камп. Но, има и дневни сесии на кои учесниците зборуваат за конфликти што ги опустошуваат нивните заедници. Армор вели дека не е сè забава и игри.

Организаторите велат дека целта е да се надминат бариерите и да се изградат трајни пријателства.

18-годишната Ализа Амир Парвез од Пакистан вели дека изградила пријателство со девојка во кампот од Индија на едноставен час по готвење.

Официјалните лица велат дека откако ќе се формираат лични односи, камперите почнуваат да гледаат на конфликтот на поинаков начин.

„Семиња на мирот“ вели дека нивното истражување покажало оти 80 отсто од повеќе од 8.000 поранешни кампери сè уште активно работат на трансформирање на конфликтот.

И има планови за повеќе работа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG