Овој пилот проект на пристаништето во Лос Анџелес може да отстрани од океанот дури 100 тони јаглерод годишно. Со него управува стартап компанијата Каптура.
„Океанот е огромен. Зафаќа 70% од површината на планетата. Ако успееме да покажеме дека можете да го користите океанот за да го отстраните ЦО2 од атмосферата на овој начин, потенцијалот е многу голем“, вели Стив Олдман од Каптура.
Океаните веќе апсорбираат околу една третина од јаглерод диоксидот во атмосферата, вели коосновачот на Каптура, Хари Атвотер, кој е истражувач на Калифорнискиот институт за технологија.
„Ако можеме да го поништиме тоа закиселување на океаните со декарбонизирање на океанската вода, таа вода на површината делува ефикасно како абсорбента за понатамошно исфрлање на јаглерод диоксид“, додава Атвотер.
Системот на Каптура користи само електрична енергија и солена вода.
Надоврзувајќи се на резултатите во Лос Анџелес, компанијата се движи кон отворање на објект во Норвешка што би можел да извлече 1.000 тони јаглерод годишно. И Атвотер и Олдам велат дека ќе треба да се отстранат милијарди тони јаглерод од океаните за значително да се забават климатските промени.
„Во денешно време, бидејќи користиме фосилни горива и испуштаме ЦО2 во атмосферата, секоја година ослободуваме 40 гигатони ЦО2 во атмосферата. Тоа предизвикува акумулација и пораст на емисиите на ЦО2 во атмосферата. Значи, во основа мораме да го поништиме тоа. И тоа е голем обем, кој во основа вклучува развој на прототипови, кои можеме да ги размериме се поголеми и поголеми. Така што тоа е мисијата на Каптура“, вели Атвотер.
Директорите на Каптура велат дека најголемиот предизвик за технологиите што го отстрануваат јаглеродот е тоа да се направи доволно брзо за да се одржи чекор со климатските промени.
Facebook Forum