Линкови за пристапност

Продолжуваат меѓународните напори за прекин на огнот во Газа


Денес се очекува гласањето на Советот за безбедност на ОН за условите за прекин на огнот и за продолжување на испораката на помош
Денес се очекува гласањето на Советот за безбедност на ОН за условите за прекин на огнот и за продолжување на испораката на помош

Израелските сили ја проширија својата офанзива во Газа денес додека меѓународните напори за посредување за прекин на огнот продолжија и хуманитарната криза во енклавата ескалира.

Жителите во Газа пријавија силни гранатирања и воздушни напади во делови од северниот дел на Газа. Воздушни напади беа пријавени и во Кан Јунис и Рафа, на југ.

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, вели дека најмалку 20.000 Палестинци биле убиени откако Израел го започна нападот врз Газа по терористичкиот напад на Хамас во Израел на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а околу 240 луѓе беа земени како заложници.

Оттогаш, речиси два милиона Палестинци се раселени од Израел.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во последните два дена биле убиени 390 Палестинци.

Продолжената израелска офанзива доаѓа во време на дипломатски обиди да обезбедат прекин на борбите во Газа.

Денес се очекува гласањето на Советот за безбедност на ОН за условите за прекин на огнот и за продолжување на испораката на помош, подготвено од Обединетите Арапски Емирати, кое беше одложено од понеделникот.

Американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд изјави во четвртокот вечерта дека САД се подготвени да гласаат за поддршка на изменетата резолуција.

„Тоа е резолуција што ќе донесе хуманитарна помош за оние на кои им е потребна“, рече таа.

Дописничката на Гласот на Америка на ОН Маргарет Бешир придонесе во овој извештај. Некои информации се од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG