Линкови за пристапност

Најмалку 66% од работните места во Газа се изгубени, вели МОТ


Дури и пред војната, околу половина од 2,3 милиони жители на тесната крајбрежна енклава живееле под прагот на сиромаштија
Дури и пред војната, околу половина од 2,3 милиони жители на тесната крајбрежна енклава живееле под прагот на сиромаштија

Најмалку 66% отсто од работните места во Газа се изгубени од избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас во октомври, објави во средата Меѓународната организација на трудот (МОТ), предупредувајќи дека загубите на вработеноста може да продолжат да се зголемуваат во енклавата.

Загубите изнесуваат вкупно 192.000 работни места на малата палестинска територија, објави МОТ во својата втора проценка за влијанието на израелските копнени и воздушни напади врз Газа, кои започнаа по смртоносниот прекуграничен напад на вооружени лица на Хамас на 7 октомври.

Во првата проценка објавена на почетокот на ноември, МОТ процени дека во Газа се изгубени 182.000 работни места, бројка што претставува повеќе од 60% од вработеноста.

„Денес ретко кој во Газа може да заработи приход од работа“, рече МОТ.

„Очигледно е дека сè уште расте кривата. Може дури и да се влоши“.

Работните места, исто така, се губат во голем обем на Западниот Брег, окупиран од Израел, каде што Обединетите нации забележаа пораст на насилството врз Палестинците од избувнувањето на конфликтот.

МОТ процени дека околу 32% од вработеноста е изгубена од 7 октомври, што е еквивалентно на 276.000 работни места.

Дури и пред војната и заострувањето на израелската економска блокада на појасот Газа, околу половина од 2,3 милиони жители на тесната крајбрежна енклава живееле под прагот на сиромаштија.

XS
SM
MD
LG