Линкови за пристапност

САД велат дека се водат сериозни преговори за нов прекин на огнот во Газа


Хамас отфрла каква било понатамошна привремена пауза во воената кампања на Израел и вели дека ќе разговара само за траен прекин на огнот
Хамас отфрла каква било понатамошна привремена пауза во воената кампања на Израел и вели дека ќе разговара само за траен прекин на огнот

САД рекоа дека се водат „многу сериозни“ преговори за нов прекин на огнот во Газа и ослободување на повеќе израелски заложници, но изгледите за договор останаа неизвесни, како што Хамас инсистира на тоа дека нема да разговара за ништо помалку од целосен крај на израелската офанзива во палестинската енклава.

Лидерот на Хамас Исмаил Ханије го посети Египет во средата за првпат по повеќе од еден месец на разговори со египетските власти кои се обидуваат да посредуваат за ново примирје.

Извор информиран за преговорите рече дека се водат интензивни разговори за тоа кои од заложниците кои сè уште ги држат палестинските исламистички милитанти во Газа би можеле да биде ослободени со ново примирје и кои палестински затвореници Израел би можел да ги ослободи за возврат.

Исламски џихад, помала палестинска милитантна група која исто така држи заложници во Газа, рече дека нејзиниот лидер ќе го посети Египет во наредните денови за да разговара за можен крај на конфликтот.

„Ова се многу сериозни дискусии и преговори и се надеваме дека тие ќе доведат некаде“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби за новинарите во средата.

Но, Тахер Ал-Ноно, советникот за медиуми на Ханије, за Ројтерс изјави дека Хамас не е подготвен да разговара за ослободување на уште израелски заложници додека Израел не ја заврши својата воена кампања во Газа и не се зголеми обемот на хуманитарна помош за палестинските цивили.

„Прашањето на затворениците може да се преговара откако ќе се постигнат овие две работи. Не можеме да зборуваме за преговори додека Израел продолжува со својата агресија. Разговарањето за секој предлог поврзан со затворениците мора да се случи по прекинот на агресијата“, рече Ноно во интервјуто во Каиро.

Хамас отфрла каква било понатамошна привремена пауза во воената кампања на Израел и вели дека ќе разговара само за траен прекин на огнот.

„Разговаравме со нашите браќа во Египет, истакнувајќи го нашиот став за оваа агресија и итната потреба да се запре како врвен приоритет“, рече Ноно.

Израел инсистираше сите преостанати жени и изнемоштени мажи меѓу заложниците да бидат ослободени, рече изворот брифиран за преговорите, кој одби да биде идентификуван.

Палестинците осудени за сериозни престапи би можеле да бидат на списокот на затвореници што треба да ги ослободи Израел.

XS
SM
MD
LG