Супермаркетот „Trace“ во Виена, Вирџинија, во близина на Вашингтон, има сè што му треба на купувачот, освен садови. Така е, нема торби, кутии, шишиња. Ако сакате да донесете нешто дома, дури и течности како масло за јадење или шампон, треба да бидете подготвени.
Купувачите си носат свои садови, ги мерат, ги полнат со тоа што им треба, и потоа ја купуваат одбраната роба, со тоа што ја мерат тежината.
„Идејата да ја отворам продавницата ја добив во 2018 година. Ме фрустираше што гледав толку многу ѓубре и пластика во отпадот, како што се чаши за кафе за еднократна употреба, пакувања за еднократна употреба. Знаев дека сè помалку ќе се рециклира“, вели Мала Персауд, сопственичка на продавницата „Трејс“.
Персауд ја отвори продавницата „Trace“ во 2021 година. Таа вели дека, според податоците на „Гринпис“, само шест отсто пластичниот отпад во САД се рециклира и се надева дека продавниците како нејзината можат да направат разлика.
„Во овие три години откако е отворена продавницата, исполнивме 21 илјада контејнери. Тоа се само контејнери, тука не ги вклучувам работите што не се со амбалажа, или кои не се во пластика. На пример продаваме многу шампони во цврста форма“, додава Пресауд.
Клиентите велат дека купувањето во оваа продавница каде можат сами да си ги наполнат своите садови не е лесно како во обична продавница, но чувствуваат дека нешто достигнуваат.
„Се чувствувате добро зашто правите малку за животната средина. Персоналот е многу дружељубив и е од помош, и тие многу сакаат да преземат нешто за планетата и за животната средина, па да, пазарењето тука се чувствува добро“, вели Фил Коркоран, купувач во Трејс.
Во Такома Парк во Мериленд, друга продавница за полнење каде исто така не продава отпад наречена „Fullfillery“ нуди дури и свои производи кои сами ги прават. Една од нив е таблета за чистење за сите намени направена од рециклирано масло за јадење.
„Го отворате ова. Потоа го сечете врвот, додавате вода и тоа станува одлично средство за чистење. Чисти гранит, чисти дрво“, вели Рини Саха, со-сопственичка на „Fullfillery“.
Саха ја отвори продавницата пред четири години. Таа вели дека промената на однесувањето на потрошувачите, без разлика колку е мала, е клучна за намалување на отпадот.
„Ако единственото за што корист предметот е да носи сламки за повеќекратна употреба, со тоа годишно ќе се заштедат речиси 500 сламки. Се надевам дека луѓето ќе се обидат да го спречат отпадот таму каде што можат“, додава Саха.
Според организацијата Истражувачка група за јавен интерес на САД, во Америка има околу 1 300 продавници со концепт без отпад, а овој број расте. Половина се продавници за полнење на садовите, а други нудат и производи во садови кои подоцна можете повторно да ги наполните со истиот производ.
Facebook Forum