Линкови за пристапност

Прислушување на цивилите: Пакистан сè повеќе станува авторитарна држава


Прислушување на цивилите: Пакистан сè повеќе станува авторитарна држава
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00

Пакистан сè повеќе станува авторитарна држава, велат критичарите. Владата овласти воена шпионска агенција да прислушува телефони на цивили. Од Исламабад, дописничката на Гласот на Америка од Пакистан Сара Заман, разгледува зошто државата ги ограничува слободите на луѓето. . 

Истакната пакистанска новинарка Мунизае Џангир е навикната да биде претпазлива. Слободата на медиумите во Пакистан е ограничена. Но, неодамна, владата ја овласти главната пакистанска воена агенција за шпионажа - Интерсервисна разузнавачка служба - да ги прислушува телефоните на цивилите, а тоа ја загрижи Џангир.

„Од она што го доживеав во Пакистан [е] дека нашите телефони веќе беа прислушувани. Ова не е ништо ново за нас. Но, она што го даде ова, одобрението од владата, даде правно покритие за надзор на цивили, и се` повеќе и повеќе Пакистан станува полициска држава, и тоа е она што ме загрижува“, вели Џангир.

Изненадното овластување дојде откако пакистанскиот суд неодамна го прогласи за нелегално прислушувањето на телефоните на граѓаните, без никаква правна рамка.

Судскиот налог, исто така, откри дека телеком компаниите се обврзани да водат автоматизиран систем за масовно следење во Пакистан и да споделуваат повици и текстуални пораки на луѓето со државните агенции без никаков надзор.

„Слаба цивилна влада со поддршка на војската која нема целосна контрола, а тоа ги прави многу поавторитарни. Затоа што [за] една слаба влада да продолжи или да се одржи потребна е некаква принуда. Тие користат присилни методи и токму тоа го гледаме денес“, вели Захид Хусаин, политички аналитичар.

Многумина се загрижени дека давањето моќ на воената агенција за шпионажа на цивили ќе доведе до лов на вештерки на опозициски политичари и критичари.

Пакистанскиот министер за право Азам Назир Тарар ги отфрли ваквите стравувања.

За мерката не се расправаше во парламентот пред да се одобри. Дојде како извршна наредба.

Платформата за социјални медиуми Икс, исто така, останува суспендирана во Пакистан по наредба на Министерството за внатрешни работи по контроверзните општи избори во февруари.

„Што се однесува до парламентот, тоа станува целосно ирелевантно. Кога неговата легитимност е доведена во прашање, тоа ѝ отежнува на владата да презентира нешто во парламентот“, додава Хусаин.

Додека Пакистан се справува со владеачките, економските и безбедносните кризи, вели Џангир, сузбивањето на несогласувањето нема да го намали јавното незадоволство или да го спречи неговото изразување.

„Во Пакистан, да се уништи несогласувањето не е толку едноставно. Не се спротивставувате само на политичките партии, туку и на многу робусното граѓанско општество“, додава Џангир.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG