Линкови за пристапност

Претседателска изборна кампања во САД: Трамп и Бајден на различни патеки


Претседателска изборна кампања во САД: Трамп и Бајден на различни патеки
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:28 0:00

Кандидатот за претседател Доналд Трамп, оваа недела е во судница во Њујорк за избор на поротата во случајот за неговото наводно фалсификување деловни досиеја. Во меѓувреме, неговиот противник, претседателот Бајден е на кампањата зборувајќи пред симпатизерите. Скот Стернс, со детали.  

Кандидатите за претседател на САД - Џо Бајден и Доналд Трамп имаа дефинитивно различни распореди оваа недела. Трамп се наоѓа во судницата во Њујорк и се соочува со 34 кривични дела за фалсификување деловни фактури.
„Не знам како можете да имате судење што се одвива токму среде избори. Не е фер“, рече Трамп.

Бајден е на кампањата во близина на неговиот дом во соседната држава Пенсилванија.

Судењето на Трамп го вклучува обидот да уништи непријатни вести за време на неговата кампања во 2016 година. Обвинителите велат дека Трамп фалсификувал исплати на поранешен адвокат за да сокрие дека парите оделе за две жени кои рекле дека претходно имале вонбрачни сексуални средби со тогашниот кандидат.

Трамп се изјасни невин по обвиненијата, а неговите адвокати тврдат дека плаќањата биле легитимни правни трошоци.

Според него, судскиот процес, токму сега е мешање во изборите од страна на „вооружено“ судство.

„Ова е напад врз нашата земја. И тоа е земја која пропаѓа. Ова е земја која ја води неспособен човек кој е многу вклучен во овој случај. Ова е напад врз политичкиот противник“, негодува Трамп.

Трамп не мора да сведочи на ова судење, но поранешниот федерален обвинител Нима Рахмани смета дека политичките игри ќе го направат тоа.

„Овој случај е исто толку за важен за судницата, колку и за судот на јавното мислење. Трамп е во изборна година, и ќе го искористи своето право, и ќе се обрати до американската јавност и неопределените“, вели Рахмани.

Со неговиот противкандидат на Суд, Бајден е сам на патеката за претседателската кампања.

„Доналд Трамп гледа на светот поинаку од нас. Тој се буди наутро во Мар-а-Лаго, размислувајќи за себе. Како може да им помогне на своите пријатели милијардери да добијат моќ и контрола и да ја наметнат нивната екстремна агенда на нас останатите. Да го цитирам - „Јас ќе бидам диктатор на првиот ден“. „Јас сум вашата одмазда““, рече Бајден.

Бајден рече дека тој и Трамп имаат „конкурентни визии“ за американската економија кои „покренуваат прашања за фундаментална правичност“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG