Линкови за пристапност

Преговорите се пред крај, утре конститутивна седница на Собранието


Преговорите се пред крај, утре конститутивна седница на Собранието
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Оваа седница на законодавниот дом може да трае најмногу 3 дена и мора да заврши со избор на спикер. Тоа значи дека оваа недела земјата ќе го добие новиот собраниски претседател. Функцијата, една од трите клучни во државата, оди кај коалицијата „Вреди“ составена од опозициските партии на Албанците.

Кога ќе се отвори интернет-страницата на Собранието се гледа дека за утре е закажана една седница - за конституирање на новиот парламентарен состав, со 4 точки меѓу кои и верификација на мандатите на пратениците, но и избор на новиот претседател на парламентот. Оваа седница на законодавниот дом може да трае најмногу 3 дена и мора да заврши со избор на спикер. Тоа значи дека оваа недела земјата ќе го добие новиот собраниски претседател. Функцијата, една од трите клучни во државата, оди кај коалицијата „Вреди“ составена од опозициските партии на Албанците. Составот на новата влада, како што брифираат партиски извори, е пред финален договор.

Покрај спикерската позиција, „Вреди“, во распределбата на функции, добива и пет ресори: за здравство, за животна средина и просторно планирање, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за економија и труд како и ресорот евроинтеграции. Кај „Вреди“ оди и министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

ВМРО-ДПМНЕ, како партија со најмногу мандати, очекувано добива и најмногу министерства. Тоа, според нашите информации се министерствата за внатрешни работи, за финансии, за одбрана, за надворешни работи, транспорт и врски, образование, култура и туризам, земјоделство, локална самоуправа, новото министертсво за енергетика, ресорот политички систем.

Во идната влада, со која како премиер, ќе раководи Христијан Мицкоски, најверојатно влегува и Знам на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Партиските брифинзи се дека за Знам се оставени министерството за првда и министертвото за администрација. „Се очекува во наредните денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада“, велат од партиите кои преговараат. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Знам заедно имаат 78 пратенички мандати.

Откако Собранието ќе се конституира тече уставниот рок од 10 дена во кои претседателката Сиљановска-Давкова треба да го довери мандатот за состав на новата влада на партијата, односно партиите кои имаат мнозинство во парламентот. Мандатарот потоа има 20 дена да ја поднесе програмата и составот на владата која ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG