Линкови за пристапност

Повеќе од 40.000 мигранти од Африка пристигнале на Канарските острови годинава


Повеќе од 40.000 мигранти од Африка пристигнале на Канарските острови годинава
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Рекорден број мигранти од Западна Африка пристигнаа на шпанските Канарски Острови оваа година, според најновите владини податоци. Шпанија планира да понуди визи за стотици илјади мигранти без документи кои веќе се во земјата заради пополнување работни места. Хенри Риџвел известува.

Околу 41.425 мигранти пристигнале со брод на шпанските Канарски Острови од Западна Африка помеѓу 1 јануари и 30 ноември, според владините бројки - рекорд на сите времиња.

Повеќето се од Мали, Сенегал и Мароко. Возрасните мигранти се држат во кампови додека чекаат трансфер на шпанско копно.

Меѓу жителите е и 36-годишниот Бокар Гује од Мавританија.

„Тие ќе ги дадат билетите [за патување до копното] на сите, но тоа не е лесно. Секој ќе си го чека редот. Со сите тешкотии на море, мислам дека можеме да бидеме трпеливи“, вели Гује.

Шпанија се противи на политичкиот тренд против миграцијата во поголемиот дел од остатокот од Европа. Мадрид најави дека планира да нуди визи за 300.000 мигранти без документи секоја година во следните три години, што ќе им овозможи да останат и да најдат работа.

На Шпанија ѝ се потребни даноците од млади работници за да ги финансира пензиите и здравствената заштита на нејзиното население што старее, според министерката за миграција Елма Саис.

„Шпанија мора да избере дали да биде отворена и просперитетна земја или да биде затворена и сиромашна земја. И ние го избравме првото. Затоа веќе има 2,9 милиони странци кои плаќаат месечни придонеси за социјално осигурување“, објаснува Елма Саиз, Министерка за миграција.

Визите ќе им бидат понудени само на мигрантите кои веќе се во Шпанија. Истовремено, Мадрид вели дека ги ограничува новите пристигнувања преку склучување договори со африканските држави за да го ограничи заминувањето на мигрантите и да ги зголеми патролите.

Шпанија, исто така, повика граничната агенција на ЕУ Фронтекс да продолжи со операциите во регионот.

Но, на Канарските Острови тензиите растат. Шпанските жители организираа демонстрации против високиот степен на имиграција.

„Во моментов, не ни требаат имигранти за да работат. Она што ни треба е да им дадеме работа на оние на Канарските Острови и во Шпанија воопшто. Мораме да се грижиме за нашата земја, за нашиот народ, за нашите деца, и да ги охрабруваме да имаат деца, бидејќи ако не, што ќе остане од Шпанија и од Канарските Острови? Ќе го изгубиме нашиот идентитет“, категоричен е Руди Рујман, лидер на демонстрантите.

Дебатата за миграцијата е во сенка на трагедии. Патувањето од африканскиот атлантски брег до Канарските Острови останува една од најсмртоносните рути до Европа.

Агенциите за помош проценуваат дека околу 1.000 луѓе умираат секој месец при обидот за премин.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG