За 5 проценти поскапува парното во Скопје. Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопштија дека клучните причини за ова поскапување е зголемување на цената на гасот и тоа што „ТЕ-ТО“ не испорачувал 60 отсто од потребите како што се очекувало а на сметка на тоа се зголемило учеството на топлина од другите топлани која е поскапа од онаа на „ТЕ-ТО“. Нова цена пак за приклучените на ЕСМ Енергетика и Скопје Север ќе се носи во текот на февруари.
ЕСМ го презеде менаџирањето на парното од БЕГ за време на енергетската криза кога тогашната компанија имаше финансиски потешкотии. За таа цел формираше три фирми кој оваа дејност ја работат со значително поголем број на вработени од БЕГ, односно со над 450 работници. Инаку, сите три фирми за парно на ЕСМ се на листа на должници. Градско парно користат над 60 илјади домаќинства.
Facebook Forum