Линкови за пристапност

Пораки од идната власт во Германија: Европа мора да се брани самата себе


Пораки од идната власт во Германија: Европа мора да се брани самата себе
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

No media source currently available

0:00 0:03:29 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

Фридрих Мерц, кој најверојатно ќе биде следниот канцелар на Германија, после неделните избори, предупреди дека САД „не се грижат многу“ за судбината на Европа и повика континентот итно да организира сопствена одбрана. Известува Хенри Риџвел

Бранденбуршката порта - некогаш границата меѓу источен и западен Берлин за време на Студената војна - беше осветлена во сино и жолто, одбележувајќи ја третата годишнина од целосната инвазија на Русија на Украина.

Обновената закана од Москва ја формираше позадината на германските избори во неделата – на кои победија десничарските Демохристијани.

„Се надевам дека новата влада ќе продолжи да испорачува оружје на Украина, дека ќе работи заедно со европските држави за да развие голема противтежа на Русија - а сега и на Трамп“, вели Јурген Харке, поддржувач на Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе драматичната промена во политиката на САД кон Украина, неодамна обвинувајќи го Киев за започнување на војната.

Вашингтон рече дека европската безбедност повеќе не е приоритет.

По неговата победа на германските избори во неделата, лидерот на демохристијаните, Фридрих Мерц, рече дека администрацијата на Трамп, цитираме, „не се грижи многу за судбината на Европа“.

„Јасно е дека ние, Европејците, сега мора да бидеме способни да дејствуваме многу брзо и дека исто така мора многу брзо да ја организираме сопствената одбранбена способност“, посочи Мерц.

Мерц е силен поддржувач на трансатлантските врски, а неговите зборови означуваат сеизмичка промена за Германија и Европа, вели аналитичарот Матија Нелес.

„Како Германија, сме шокирани и крајно неподготвени за крајот на “Пакс Американа“, крајот на периодот во кој Америка обезбедува безбедност за Европа. Сега се наоѓаме во тешка позиција да ја организираме транзицијата од САД да бидат водечки снабдувач на безбедност кон пристап кој ќе биде поевропски управуван. Не само за Украина, туку и за организирање на сопствената самоодбрана“, вели Матиа Нелес од Германско-украинското биро.

Но, Мерц рече дека е подготвен да води кон тоа.

Дали Европа може да си дозволи да плати за сопствената одбрана? Мерц ќе мора да го промени фискалниот став, вели аналитичарката Лиана Фикс.

„Тој може да се согласи на заеднички долг на европско ниво, што конзервативците секогаш негодуваа. Може да се согласи да ги заплени руските замрзнати средства, што досега не е направено, но треба да се направи наскоро. Тој зборуваше дека Британија и Франција мораат да го прошират нуклеарниот безбедносен чадор кон Германија“, посочува Фикс.

Демохристијаните немаат мнозинство. Мерц ја отфрли можноста за формирање коалиција со екстремно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ или АфД, која беше втора со рекордни 20,8 отсто на гласањето во неделата.

Таканаречениот „огнен ѕид“ на центристичките партии околу АфД беше силно критикуван од Вашингтон.

„Сметаме дека оваа блокада е недемократска. Не можете да занемарите милиони гласачи“, истакна Алиса Вајдел, ко-лидерка на АФД.

Наместо тоа, Мерц треба да започне коалициски разговори со социјалдемократите на канцеларот во заминување Олаф Шолц.

Покрај трошоците за одбрана, намалувањето на миграцијата и зајакнувањето на забавената германска економија најверојатно ќе доминираат во дискусиите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG